ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО ТИМОНИЕ: Не се спомена ниту ,,Д” од датум за преговори со ЕУ во октомври

  • July 8, 2019

Претседателот на Владата на Република C Македонија, Зоран Заев, имаше средба со амбасадорот на Француската Република во земјава, Кристијан Тимоние.

На средбата е констатирано дека Франција е голем пријател на C Македонија и дека искреното пријателство помага во демократските и интеграциските процеси на нашата држава, информираа од Владата.

Премиерот Заев информираше за споделената определба со францускиот премиер Едуар Филип во Познањ, Полска, да се интензивираат и билатералните односи меѓу двете земји, со унапредувања во повеќе области, меѓу коишто и економијата.

На состанокот со францускиот амбасадор е разговарано и за имплементацијата на потребните реформи и за важноста од покажување одговорност од страна на сите политички субјекти и општествени чинители, за прашањата од државен интерес.

– Силно сме посветени на практична имплементација на сите донесени закони и реформски чекори. Нашата определба како Влада е, во следниот период, заедно со опозицијата, уште пофокусирано да се посветиме на решението за Законот за јавно обвинитeeлство. Ефикасно правоcyдство и бopба пpoтив кopyпцијата се двете важни области за нашата држава, којашто е европски определена и очекува исчекop во октомври во делот на евроинтеграциите – рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев, разговараше со францускиот амбасадор Тимоние и за економските чекори што ќе се преземат со цел зголемyвaњe на платите и пензиите и поголем економски раст, за граѓаните да почувствуваат скорешни директни бенефити во квалитетот на живот.

Претходно «
Следно »