ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО УНГАРСКИОТ АМБАСАДОР: Позитивниот извештај е потврда за посветеноста на реформите

Поврзано

(Видео) Силјановска Давкова го честита 4-ти Јули на американскиот народ, Трамп и Брнс

Носителката на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, Гордана Силјановска Давкова со честитка за 4-ти Јули: На американскиот народ, Претседателот...

Детален преглед – По колку cлyчaи на зaрaзeни со кoрoнaвиpyc има во секоја скопска општина?

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини...

Македонското здравтство на кoлeнa – Регистрирани 147 нoвoзaрaзeни, пoчинaлe 6 лицa во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи...

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со делегација од амбасадата на Унгарија во земјава предводена од амбасадорот, Ласло Дукс.

На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми, како процесот на интеграција на С Македонија во ЕУ, членството во НАТО, напредокот на земјава изминатите 2.5 години, спроведувањето на реформите, актуелната политичка ситуација во земјата односно престојните парламентарни избори во април.

Заев го посочи позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава кој беше објавен денеска, како особено важен бидејќи во него се констатира значителен напредок во спроведените реформи, со препорака до Советот да се отворат преговори со Македонија.

Овој Извештај е уште една потврда за нашата посветеност на реформите кои се важни за државата и за иднината на нашата земја во Европската Унија, затоа што како држава, сторивме се за да ги исполниме потребните реформи и тоа го остваривме. Сега на ред е Советот на Европската Унија и Европскиот Совет, кои треба да го има предвид овој Извештај и методологијата што беше донесена и да ги отвори преговорите за членство со нашата земја – истакна преседателот Заев.

Во однос на престојните парламентарни избори претседателот Заев истакна дека многу е важно тие да бидат регуларни, фер и демократски, затоа што тоа би било уште една потврда дека сме демократски зрела држава и нашето место е во Европската Унија.

Како друга актуелна тема се постави и мигрантската криза, особено по отворањето на границите од страна на Турција и очекувањата на зголемен прилив на мигранти и кон нашата земја и справување со целата таа ситуација, на што од страна на претседателот Заев беше посочено дека нашата држава е подготвена за ситуацијата и е во постојана координација и со Грција и Бугарија но и отворена за соработка со земјите членки на ЕУ, иако сеуште не е членка, сепак стои отворена за насоки и стратегии во поглед на справување со истата.

Амбасадорот на Р.Унгарија во државава, Ласло Дукс истакна дека Македонија има огромна поддршка од Р.Унгарија во поглед на нејзината евроинтеграција, тоа веќе го потврди и на самитиот во Октомври минатата година, така ќе биде и овојпат во Март и искрено се надева дека земјата ќе го добие конечно датумот за почеток на преговори.

Двете страни се согласија дека двете земји отсекогаш имале добри и пријателски односи и тоа ќе продолжи и во иднина и во насока на економска соработка и можни инвестиции на Унгарија во Македонија.

Актуелно

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Повеќе вести