ЗАЕВ СИ ГИ СТАВИ ПАРТИСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ: Ќе ја оценуваат работата на сите обвинители

Поврзано

Штипското Инфeктивнo одделение се прошири и на одделот за Нeвpологијa

Штипското Инфективно одделение од попладнево и официјално се прошири на Одделот за неврологија, кое се наоѓаше во истата зграда....

(Видео) Силјановска Давкова го честита 4-ти Јули на американскиот народ, Трамп и Брнс

Носителката на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, Гордана Силјановска Давкова со честитка за 4-ти Јули: На американскиот народ, Претседателот...

Детален преглед – По колку cлyчaи на зaрaзeни со кoрoнaвиpyc има во секоја скопска општина?

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини...

Собраниското мнозинство предводено од СДСМ избра два члена на партиската правна комисија да бидат дел од Советот на обвинители. Двајцата членови на партиската комисија ќе треба да ја оценуваат работата на сите обвинители, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Зоран Заев пред повеќе од две години барал Никола Груевски да влијаел врз судот и обвинителството за да се ослободеле тие што Заев проценил дека се без основа задржани во притвор.

-Зоран Заев кој го води телото за реформи во правосудството, кажа дека судиите и обвинителите се однесувале полтронски кон него. Очигледно е дека тој нема намера веќе да чека да му се додворувале. Затоа си постави членови на партиски комисии во Советот на обвинители. Станува се појасно зошто уметници, пратеници, полициски службеници и патриоти се прогласуваат за терористи и без никаква основа се држат во притвор. Зошто судот не закажува расправа по жалбите на одбраната за притворите за 27-ми април? Зошто обвинителството не се произнесува по жалбите? Зошто минатата одлука за преиначување на дел од притворите од ефективни во куќни, беше донесена на истекот од 30-те дена?, прашуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ не е за владеење на правото.

-Политичкото влијание врз судството стана секојдневие. Законите останаа мртво слово на хартија. Заев бесрамно лаже дека немал намера да влијае врз судовите, а случајот „Поткуп“ во кој е обвинет, се одложува безброј пати, со смешни и неаргументирани изговори. Невини патриоти се во затворите, обвинети за тероризам само затоа што се спротивставија на антидржавните политики. Зоран Заев треба да престане да се меша во судската власт и тоа веднаш. Загриженост за владеењето на правото покажаа и Народниот правобранител и Комесарот за човекови права при Советот на Европа, но за притиснатото судство тоа не е доволна причина да почнат да го применуваат правото. Членот 8 од Уставот на Република Македонија, ја дели државната власт на законодавна, извршна и судска. Тој е сега погазен, се наведува во соопштението.

Патриотите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, мора да бидат ослободени од неаргументираниот притвор и  конструираните обвиненија.

-Во Република Македонија мора да се врати владеењето на правото, почитувањето, на Уставот и законите, час поскоро за доброто на сите граѓани кои искрено ја сакаат и почитуваат оваа земја, се наведува во партиското соопштение.

Актуелно

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Повеќе вести