Заев со видео спот тврди дека „има исчекор“ со Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како одговор на информациите кои денес беа лиферувани во бугарските, но и во македонските медиуми во врска со исходот од мини-турнејата на Зоран Заев во Бугарија, премиерот на Р.Македонија објави промотивно видео на неговиот ФБ профил за кое вели дека „има исчекор напред“ и дека заедно со Бугарското раководство ја „враќаат довербата“ во Европските процеси.

– Имаме исчекор – ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ. На средбите во Софија го активиравме дијалогот и потврдивме дека сме за пријателство. Дијалогот ќе донесе решение за нашите народи, за младите, за заедничката европска иднина.
Решенијата мора да водат грижа за интересите на двете страни. Само така граѓаните ќе ги поддржат и само така ќе имаме успешна реализација, пишува Заев на неговиот ФБ профил.

Во изјава за Инфомакс, секретарот за комуникации на бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Зоран Заев вчеравечер доставил и документ со предлози но не ги коментираше деталите.

Бугарскиот весник „24 часа“ објави, како што тврдат, дел од предлозите на Македонската влада. Официјално Скопје пак ги демантираше наводите на весникот.

Повеќе за преписките на релација Скопје-Софија може да прочитате ТУКА!

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This