ЗАЕВ СО ДЕТАЛИ ЗА БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ: Пред да замине за Унгарија, Груевски се сретнал со Вучиќ и разговарал со него!

  • January 31, 2019

Македонскиот премиер Зоран Заев за Н1 од Сараево, тврди дека бившиот премиер на Македонија Никол Груевски пред бегството во Унгарија се состанал со претседателот на Србија Александар Вучиќа

„Тој бил кај него. Тоа е јавно објавено и притоа не е објаснето за што разговарале. Тоа остана тајна. Груески побегна од Македонија преку Албанија, каде го пречекало унгарско дипломатско возило, со кое ја поминал албанско-црногорската граница. Таму го чекале други унгарски дипломати, а потоа ја преминал границата со Србија и на крајот пристигал во Унгарија“, рекол Заев.

Тој додава дека се ќе биде објавено, кога ќе заврши истрагата која се води во Макдонија.

„Проблем ми е, бидејќи сите се бориме за меѓународни закони и се бориме да се докажеме дека сме пријатели. Нашите народи се пријатели. Мораме да ги почитуваме законите. Со Унгарија сме во одлични односи, не дозволвиме тоа да се наруше“, рекол тој и додава дека Унгарија му помогнала на Груевски, бидејќи е пријател со Орбан.

„Уверен сум дека Груевски ќе ја отслужи својата кaзнa за злoупoтpeба на позицијата во Македнија“, додава тој.

Запрашан дали е југоносталгичар, Заев рекол дека во тој период се живеело добро, дека сите биле еднакви и дека сите меѓусебно се почитувале.

„Кога ќе одиш на пат во Сараево или Белград, можеше да спиеш каде стигнеш. Никој не те чепка – само братство и единство. Ние на подрачјето на бивша Југославија сме братски народи. Јас тоа го почитувам. Јас ја сакав Југославија и сонувам сите да бидеме заедно. Тоа ќе бидеме во Европска Унија“, рече Заев.

Претходно «
Следно »