ЗАЕВ СПРОТИВНО НА TBPДЕЊЕТО НА ВЕРУШЕВСКИ: Вели разговорите се вepодостојни, вeштaците велат не може да се докаже

  • October 25, 2019
  • Коментари

Разговорот со мојата ќерка и политичар е автентничен, на овој начин премиерот Зоран Заев ја поткрепува приказната дека бомбите кој тој ги објавуваше биле веродостојни. Вели во судските постапки се потврдувало дека разговорите не се монтирани, па дури и дел од самите обвинети не ги спореле.

Сепак и покрај изјавите на Заев, јавноста е сведок дека во повеќе наврати одбраната на обвнитетите преку свои вештаци докажуваше дека прислушуваните материјали не се веродостојни.

Вештаците утврдуваат дека постојат низа фактори заради кои презентираните прислушувани материјали на одредени рочишта не можат да се земат за веродостојни, автентични и целосни. Во последниот опис односно вештачење до кој дојде Алфа стои дека СЈО не дало детален опис за форматот на датотеката каде се складирани тонските записи.

На рочиштето на 18ти Јуни за Миле Јанакиевски кога се емитувале електронските записи недостасувал суштински податок, или т.н. „tag“ етикета – на која треба да стои запишано датумот, времето и авторот на записот- што фрла уште една црна дамка на веродостојноста на бомбите.

И тоа не е се… откако тогашниот вештак извршил увид во електронските материјали што СЈО ги користело како доказ, во февруари годинава, констатирал дека датумите и часот на креирање на тие и оние презентирани на рочиштето не се совпаѓаат.

Неодамна сомнеж врз прислушкуваните разговори фрли и Верушевски. Бомбите доживеаја страотна модификација и компромитација по моето лишување од слобода, тврдеше екс разузнавачот Зоран Верушевски на деншното рочиште во предметот Таргет Тврдина каде беше повикан како сведок на обвинителството.

„– Факт е дека таа документација дожева стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода, истакна Верушевски предизикувајќи изненадување во судницата на Кривичниот суд.

По рочиштето Верушевски ги избегна камерите, па остана отворена дилемата дали оваа модификација на бомбите подразбира нивно сечење и монтирање и како тоа ќе се одрази врз останатите предмети во кои СЈО како докази ги користи токму овие снимки.

Пред неколку месеци и Ел Чека на социјалните мрежи постави една бомба која значително се разликуваше од она што Премиерот Заев го објави на прес конференцијата во времето кога јавно ги пушташе незаконските снимки. Разговорот меѓу Груевски и Јанкуловска кој го објави Заев беше значително скратен и со тоа доби поинаков контекст во врска со истрагата за убиството на Мартин Нешкоски.

Покрај ова тврдење, Верушевски денеска пред судот ја негираше и својата поврзаност со преземањето на бомбите. Екс директорот на УБК, рече дека бомбите не му биле давани нему туку на СДСМ, а тој бил задолжен за нивната обработка.

„До моето лишување од слобода, таа обврска во целост ја исполнив и сите информации кои доаѓаа до партијата го имаа истиот третман. По моето лишување од слобода документите се надвор од мојата одговорност“, изјави Верушевски признавајќи дека бомбите биле модифицирани.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ меѓу другите обвинети се екс министерката Јанкуловска, и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. СЈО ги товари дека за незаконско прислушување во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

Претходно «
Следно »