ЗАЕВ ТРЕБА ДА БИДЕ ОСУДЕН ЗА „ПУЧ“: Поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски смета дека Заев треба да биде осуден за незаконското прислушување!

  • November 24, 2017

Поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски смета дека признавањето вина е исклучиво на сопствената проценка за обвинетиот врз доказите.

Доколку во еден предмет има признание од еден обвинет, тоа повлекува правна последица и врз останатите обвинети.

Ова Трпеновски го изјави за Радио Слободна Европа, додавајќи:

-Судот признанието на еден од обвинетите во предметот го оценува во склоп со сите изведени докази. Самото признание на едно лице зборува дека презентираните докази се објективни и врз нив се утврдува вина. Останатите обвинети се доведени во една незавидна ситуација, каде што практично низ исказот на едно лице кое ја прифаќа вината, признава дека во тој конкретен случај е сторено кривично дело и од тие докази ќе се бара кривична одговорност за останатите, вели Трпеновски.

Тој во својата изјава за Радио Слободна Европа објаснува дека со ова другите обвинети се доведени во објективно потешка ситуација без разлика што во процесот тие ја негираат вината.

Ова би значело дека според поранешниот обвинител Трпеновски, премиерот Зоран Заев би требало да биде суден за случајот „Пуч“ во кој беше обвинет заедно со Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорги Лазаревски,  Бранко Палифров и Зоран Костовски. Обвинети се за неовластено прислушување и тонско снимање за шпионажа и за насилство кон претставници на највисоките државни органи.

Костовски, инспекторот од УБК, кој беше обвинет за шпионажа и неовластено снимање, во случајот „Пуч“ ја призна вината и се спогоди со полицијата. Беше осуден на три години затвор.

Според изјавите на Трпеновски, ако Костовски  ја признал вината за делото за кое беше осомничен со сите горенаведени лица, тогаш и Заев треба да биде суден за „Пуч“.

Претходно «
Следно »