ЗАЕВ ЌЕ ГО СЛАВИ ИЛИНДЕН СО ТИЕ ШТО ИМ ГИ СЕЧЕА ГЛАВИТЕ НА ИЛИНДЕНЦИТЕ: Како Заев им го исполни вековниот сон на Бугарите за лажирање на историјата!

  • June 20, 2017
  • Коментари

Подолго од еден век, Софија негира постоење на Македонци како народ, со сопствен македонски јазик. Тоа е познат нивни историски синдром кој веќе скапо ги чинеше. Во двете светски и во Втората балканска војна беа на погрешната страна токму поради апетитите за Македонија. Три пати беа поразени ама умот не им дојде. За жал, истата политика продолжува – пишува Никовски во својата колумна објавена во 2014 година.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Ако замижиме и прифатиме дека некогаш сме биле „Бугари“,  Софија со право ќе може целосно да ја присвојува нашата историја. Сите настани, низ вековите, сврзани со некогашните „Бугари“, сега мутирани во Македонци, ќе бидат дел од бугарската историја. И тука нема да има место за никаква дискусија.

Втората причина за ваквото однесување на Бугарија, може да биде само очекувањето – Македонија да се распадне и тие да добијат нови територии! Со присвојување на народот, јазикот… Софија ги држи отворени своите аспирации кон земјата, свесно ја поткопува нејзината стабилност и безбедност и сериозно придонесува за нејзино растурање.

Ако навистина им се такви намерите, а очигледно се, зарем е можно да не им е јасно дека таков расплет не може да се случи без тешка, крвава, нова балканска војна? Пострашна од тие во Хрватска и Босна. Замислуваат ли дека (дел од) Македонија ќе им падне во раце така, како божји подарок? Или се спремни да војуваат за тоа, бидејќи без војна, тешко ќе профитираат? Зарем заборавиле што им се случи во двете светски и во Втората балканска војна? – пишуваше амбасадорот Ристо Никовски во 2014.година

[/kopa_block_quote]

Три години по колумната на Никовски, Зоран Заев заедно со бугарскиот премиер и негатор на Македонската нација Бојко Борисов договорија дека најсветиот празник на Македонската држава Илинден, ќе биде прославен заеднички, а пред споменикот на „заедничката историја“ ќе се поклони и премиерот Борисов. Бескрупулозно продавање и манипулирање со историјата, но и чувствата на генерации Македонци, но воедно и отворена провокација на народот.

Историјата на Македонскиот и Бугарскиот народ била богата, навистина. Но повеќе била крвава, и тоа на штета на Македонците. Историјата сведочи за злосторствата на бугарските фашистички окупатори кои вршеле невидени ѕверства врз Македонското цивилно население, со цел етнички да го исчистат.

Еден од еклатантните примери на бугарските ѕверства врз Македонскиот народ е стрелањето на 12 млади Македонци од Ваташа.

Во раните утрински часови на 16 јули 1943 година биле приведени и сослушани младинците од Ваташа во кафеаната на Васил Хаџи-Орданов.Меѓу нив се наоѓале и четири девојки. Биле испрашувани и мачени да ги предадат партизаните и илегалците, но откако не откриле ништо пешки во колона со придружба на бугарската полиција се однесени во месноста Моклиште каде се стрелани. Местото на злосторството е определено по една фотографија на која се наоѓаат стреланите младинци како го прославуваат 1-ви Мај. Овде се стрелани, подоцна и масакрирани.

На јужниот зид на споменикот е запишано: „Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена, пред очите наши загледани, уште тоа утро во иднината“.  На местото на стрелањето подигнат е спомен парк со површина од 7 ха, а во него се посадени 12 јавори како симбол на стреланите младинци.

Но Заев не застанува тука со предавството на сопствената историја, народ, нација и држава. Тој денес заедно со Борисов се поклони пред споменикот на Цар Самоил во Софија, споменик на кој со големи букви е испишано дека тој бил цар на Бугарите.

Ноторна лага и фалсификат на историјата.

Секако, додека Заев се поклонуваше пред Цар Самоил во Софија, неговите соросоиди во Македонија заговараат рушење на споменикот на Царот од Охрид, но и на споменикот на Александар Македонски, и сето тоа во името на „добрососедски“ односи со Грција и Бугарија, кои пак за возврат ништо немаат направено во корист на Македонија. Напротив.

За волја на вистината, Цар Самоил или цар Самуил (958 – 6 октомври 1014) е средновековен македонски владетел кој на преминот од X кон XI век формирал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров.

Македонските историчари го именуваат Самоил како македонски цар, истакнувајќи дека тој учествувал во бунтот на комитопулите 969 година, кога била отфрлена бугарската врховна власт во Западна и Југозападна Македонија и биле поставени темелите на македонската средновековна држава, која по него е именувана како Самуилово Царство, најголема ранофеудална државна творба на Балканот. Во негово време македонската средновековна држава го достигнала врвот во својот развиток.

Претходно «
Следно »