ЗАЕВ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ЦИПРАС: Двајцата премиери родени во иста година на ќе се сретнат во Давос!

  • January 15, 2018

Во фокусот на грчките медиуми секојдневно се темите поврзани со Република Македонија и спорот што Грција го има за името на нашата земја.

Интернет изданието на грчкиот весник „Ријал“ објави дека македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе имаат билатерална средба на 24 јануари за време на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Средбата Заев – Ципрас, според весникот, е факт што ги потврдува информациитe дека за време на разговорите на шефовите на дипломатиите Коѕијас – Никола Димитров во Солун, постоел голем напредок. Коѕијас и Димитров, како што пренесува Real, ќе бидат исто така во Давос.

Грчките медиуми во изминатиот период шпекулираа дека е можна средба на Заев и Ципрас на форумот, но не постоеше потврда ниту од едната ниту од другата страна. Единствено, од македонската владина прес-служба минатата недела соопштија дека владина делегација предводена од премиерот Заев на 25 и 26 јануари ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос.

Претходно «
Следно »