ЗАКАЖАНО РОЧИШТЕ ЗА 22. АВГУСТ: Рочиштето за настаните од 27.април закажано за 22. август – ќе им се суди на Чавков и пратениците

  • June 28, 2018
  • Коментари

На 22 август ќе стартува судењето за насилството што се случи на 27 април 2017 година во Собранието, односно тогаш на обвинителна клупа ќе седнат Митко Чавков, поранешен министер и прв човек на БЈБ, пратениците Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и уште дваесетина обвинети за тероризам. Нив ќе им суди судијката Добрила Кацарска, која на две години затвор претходно го осуди екс премиерот Никола Груевски.

 

-Ја информираме јавноста дека првата главна расправа по предметот е насрочена за 22.08.2018 год. во 10:00 часот, а за следниот период насрочени се вкупно 37 термини за главна расправа, за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор како и покани за останатите странки во предметот, информираат од Кривичниот суд.

За настаните на 27 април обвинети се 30 лица за тероризам и загрозување на уставниот порредок. Меѓу нив се и петте пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски. Обвиент е и екс директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Иако обвинението е во фаза на решавање дали ќе има судење, обвинителството се уште истражува кој го нарача насилниот упад во Собранието. Во документот кој до судот е доставен на 27 март годинава, нема нарачател. Стои само дека во организацијата на протестите главна улога имал Александар Василевски – Нинџа.

Претходно «
Следно »