ЗАКАНА ОД АЛБАНСКИОТ ШЕФ НА ДИПОЛОМАТИЈАТА: Сакаме на референдумот на 30 септември граѓаните да го поддржат од самиот почеток на мировниот процес

  • August 26, 2018
  • Коментари

Aлбанскиот министер за надворешни работи и европски прашања, Дитмир Бушати, во своето интервју за весникот ”Панорама”, рече дека посакува успешен референдум на 30-ти септември, кој, според Бушати, е “можност за развој на земјата”, пренесува InfoShquip.

Тој нагласи дека Албанија го поддржувала дијалогот помеѓу Атина и Скопје, а во исто време ја поттикнува кохезијата на албанскиот политички фактор за да биде протагонист во трансформациски промени кои на “Скопје му овозможуваат напредок во процесот на зачленување во евро-атлантските структури”.

-Сакаме на референдумот на 30 септември граѓаните да го поддржат од самиот почеток на мировниот процес. Македонија пред себе имо можност која не се враќа . Во овој процес, улогата на албанците е одлучувачка. Демократската стабилност, меѓуетничките односи и членството на Северна Македонија во НАТО се во интерес на Албанците. Исполнувањето на обврските што произлегуваат од овој процес е од особена важност за Западен Балкан, трансформирајќи повеќе безбедносен простор , смета Дитмир Бушати, пренесе порталот.

Во констатација на новинарот дека пред две години на премиерот на Албанија, Еди Рама, беше критикуван поради мешање во внатрешните работи на Македонија, кога го поттикна објавувањето на албанската платформа Бушати одговори дека во ниту еден случај и под никакви околности, Владата на премиерот Рама не дозволила мешање во внатрешните работи на соседите.

-Начелно сме ги третирале драматичните случувања во Скопје, влошувањето на демократските стандарди и тенденцијата во изминатите години,албанците да се прикажуваат како деструктивен и радикален исламистички фактор. Ние секогаш сме биле заинтересирани за стабилноста и демократскиот развој на нашите соседи во нивните најтешките денови , одговори Бушати, додавајќи дека ќе продолжи да работи на зајакнување на политичката и социјалната кохезија на албанците, како основна гаранција за европска земја.

“За Владата на Заев, се преземени некои чекори на билатерален план кои порано не можеше да се замислат. Сега веќе постои механизам за заеднички состаноци меѓу двете влади, инициран во Поградец, кој го разгледува развојот на нашите односи како во политичкиот план така и во однос на заедничката развојна перспектива на прекуграничните етнички групи и пошироко “, вели Бушати, пренесува InfoShquip.

Тој вели дека го радува фактот што меѓуетничката клима е подобрена, иако постои потребата за развој на концептот на еднаквост помеѓу албанците и македонците како две главни заедници во земјата.

-Се разбира, главната улога во развојот на статусот ја имаат албанските политички партии и самите албанци. Сепак, сметаме дека развојот на статусот на албанците е приоритетно прашање од национален интерес. Така да ние ќе продолжиме да се ангажираме во почитувањето на правата и идентитетот на тамошните албанци , рече шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати.

Претходно «
Следно »