ЗАКОНОТ ЗА СЈО Е ФАРСА, НЕМА ДА ГЛАСАМЕ ЗА НЕГО: Алијанса за Албанците е против СЈО во ваков формат

  • March 11, 2019

Законот за СЈО е фарса, во процесот на реформи ние не го прифаќаме како ваков, изјави Сурија Рушиди од Алијанса за Албанците.

-Ова е уште еден обид да се затворат очите пред меѓународната заедница пред отпочнување на преговорите за Европската Унија. Ова е уште една политичка игра како што беше Законот за амнестија кој си го договорија СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, рече тој.

Рушиди истакна дека за Алијанса за Албанците е неприфатливо јавниот обвинител да го бира Советот на јавни обвинители затоа што, според него, така се политизира СЈО.

-Не може на овој начин да функционира ова обвинителство. Бараме СЈО да се бира со општ консенсуз, бараме СЈО да ги истражи сите предмети од бомбите до крај, рече Рушиди и додаде дека АА смета дека СЈО не ги дало резултатите кои ги очекувала јавноста.

Претходно «
Следно »