ЗАЛЕТАН КУРШУМ ПОВРЕДИ ДЕВОЈЧЕ:14-годишно девојче седело со другарките и се здобило со телесна повреда

  • July 25, 2016

 Во с. Глумово, Скопско, непознат сторител од непознат правец и од непознато огнено оружје истрелал повеќе куршуми.

mkd-159232-37821

Еден од истреланите проектили нанел телесна повреда на палецот од левата нога на четиринаесетгодишно девојче, кое во тој момент седело со другарките во дворот од куќата. Девојчето било пренесено во Градската општа болница „8 Септември“ каде што му е укажана лекарска помош и е пуштено на домашно лекување.

Еден од истреланите проектили завршил и во предната хауба од „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.С. (42) од с. Глумово, кое било паркирано пред неговата куќа.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Претходно «
Следно »