April 23, 2021, 11:38 am

Заложничка драма во Македонија

Поврзано

(Видео) Пандов: На 25 да излеземе и да му покажеме на Зaев дека тepopистите се во Влада, а не во зaтвop

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во своето гостување во вонредното издание на емисијата Неделен брифинг на...

(Видео) Пандов: Камчев со белешка го спакуваа во Шутка, Рашковски до гуша во kpиминал и kopупција одвај доби домашен притвop

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во своето гостување во вонредното издание на емисијата Неделен брифинг на...

(Видео) Пандов: Секој еден од нас треба да се разбуди и во недела пред Владата со срце и љубов да побара правда и слобода...

Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ  Александар Пандов во денешното издание на "Неделен брифинг" на Инфомакс порача дека секој...
- Advertisement -

„Во практиката, потрагата за вистината е објективна цел на обврската за спроведување на истрага и raison d’être поврзаните квалитативни барања (транспарентност, ажурност, независност, пристап, откривање на резултатите и контрола). За општеството генерално, желбата да се потврди вистината игра улога во зајакнувањето на довербата во јавните институции и во владеењето на правото. За оние што се засегнати – семејствата на жртвите и блиските пријатели – утврдувањето на вистинските факти и обезбедувањето потврда за сериозните повреди на човековите права и хуманитарното право претставуваат форми на обештетување кои се исто толку важни како компензацијата, а понекогаш дури и повеќе. Конечно, ѕидот на молкот и велот на таинственост ги спречуваат овие луѓе да го сфатат она што го доживеале и се најголемите пречки за нивното опоравување.“ стои во заедничкото мислење на судиите Тулкенс, Шпилман, Сицијлијанос и Келер дадено како одделно мислење во пресудата „Ел Масри против Р.Македонија“.

Да не се лажеме, Македонија е далеку од правна држава во која владеењето на правото е основен концепт на уредување на општеството. Доказ е и оваа пресуда на судот во Стразбур, кој де факто вели дека во Македонија мора да се промени праксата на киднапирање на луѓе со амин од државата, а кога за тоа ќе се побара одговорност да се користи велот на тајновитоста зад семантичкиот конструкт „класифицирани информации“, додека жртвата на вакво државно спознорирано киднапирање нема право ниту на соодветна одбрана. 

„Правото на сериозна истрага, еднакво на правото на вистината,
произлегува од заштитата која ја обезбедува судската практика на
Судот во примена на Конвенцијата врз жртвите на лишување од живот
(член 2) или тортура и нехумано или понижувачко постапување или
казнување (член 3); ова се однесува еднакво и во случаите кои
привлекле голема медиумска покриеност и во други случаи кои не
биле предмет на исто толкав степен на јавно внимание. Оттука, кога
станува збор за правото на вистина, жртвата, а не општата јавност, е
таа којашто го има тоа право, како резултат на членот 3 од
Конвенцијата, а во светло на судската практика на Судот.“ – се вели во истата пресуда „Ел Масри против Р.Македонија“ при судот за човекови права во Стразбур. 

И ова не е единствена ваква пресуда против Македонија. Има низа на вакви пресуди, но оваа е еклатантен пример дека во нашата земја може да те „изеде помрачина“ ако некој со доволно политичка моќ има причина тоа да ти го направи. 

На пример, има и ситуации кога Македонија протерувала луѓе, кои барале помош од нашата држава во форма на азил. И наместо да ги заштитиме овие луѓе кои од нас барале помош за спас на сопствениот живот, врз основа на некакви службени белешки биваат протерувани. 

Таков е случајот „Љатифи против Македонија“, каде државата е задолжена да плати оштета бидејќи, нашиот суд, повикувајќи се во името на сите нас – граѓаните – а врз основа на службена белешка на УБК протерува жена, со тоа ставајќи ја во директна опасност по нејзиниот живот. 

„Во 1999 година жалителката пребегала од Косово во Република Македонија, каде во 2005 година ѝ бил доделен статус на азилант. Нејзината дозвола за престој секоја година до 2014 била продолжувана, кога Министерството за внатрешни работи ѝ го прекинало статусот на азилант, едноставно образложувајќи дека таа претставувала „ризик за [националната] безбедност“ и ѝ наредило да ја напушти територијата на тужената земја во рок од 20 дена од приемот на конечната одлука. Домашните судови ја потврдиле таа одлука, забележувајќи дека истата била заснована на класификуван документ добиен од Службата за разузнавање. Тие го сметале за нерелевантен аргументот на жалителката дека овој документ не бил никогаш обелоденет пред неа.“ – стои во образложението на пресудата на судот во Стразбур. 

Во случајот на Калид ел-Масри, потписник на белешки е тогашниот директор на УБК Силјан Аврамовски.

Колку и мизерно да звучи, Македонија е земја во која се киднапираат луѓе. И ова не е само пежоративно, кажано колку да биде кажано, туку е и потврдено со судски пресуди на меѓународни судови. 

И наместо да ја прекинеме ваквата пракса, Македонија се уште се однесува како времињата пред снимањето на филмот „Среќна нова ’49“ кога ОЗНА, наводно дозна дека треба да го стави во „Шутка“ главниот лик во филмот Драгослав Ковачевски. 

Се почесто наликуваме и на држава налик на онаа каде НКВД беше врховен арбитер, кој врз основа на службени белешки решаваше кој ќе живее, а кој не. 

И не случајно на почетокот на овој текст се споменати случаите „Ел Масри против Македонија“ и „Љатифи против Македонија“, бидејќи најверојатно следен ваков случај ќе биде „Камчев против Македонија“. 

Стејт Департмент

И Стејт Департментот во овогодинешниот извештај ги нотираше злоупотребите на законот, особено корупцијата во правосудниот систем, потенцирајќи ги предолгите истраги на обвинителите, злоупотребата на мерката притвор, како и корупцијата врз судиите.

„Обвинителите генерално треба да завршат истраги во рок од шест месеци, иако роковите може да се продолжат на 12 месеци во покомплексните случаи и 18 месеци во случаи на организиран криминал со согласност на претпоставениот. Во пракса, обвинителите честопати ги надминуваа овие рокови и не трпат никакви санкции.“ – се наведува во извештајот.

Во извештајот се забележува и дека постои голем притисок врз судиите, несоодветното финансирање на правосудството и обвинителството и дека сето тоа влуијае врз довербата која народот ја има врз оваа институција.

Филип Медарски

И адвокатот Филип Медарски е на сличен став со оној на Стејт Департментот.

Како адвокат на одбраната во случајот со Калид ел-Масри, Медарски објаснува дека Македонија е должна да ги почитува стандардите на Судот за човекови права кои се поставени уште во случајот „ел-Масри против Македонија“. 

”Конкретниот случај на г-дин. Камчев не би можел да го коментирам, бидејќи немам доволно сознанија за истиот, но генерално, сите институции во државата се должни да постапуваат согласно стандардите, кои Судот за човекови права ги поставува во случајот Ел Масри против Р.Македонија и другите предмети кои се однесуваат на лишувањето од слобода, притворот и забраната за тортура. Во делот на притворот, најбитни вакви стандарди се дека притворот треба да се определува како крајна мерка, кога судот ќе се увери дека сите други превентивни мерки нема да имаат ефект, одлуката за притвор мора да биде детално образложена, судот мора да наведе конкретни причини зошто определува притвор и истите да ги поткрепи со релевантни докази. Притворот не смее да биде замена за казна, судот во тек на постапката мора  постојано, сериозно да ја преиспитува потребата за продолжување на мерката притвор и кога ќе се створат услови за тоа, притворот да го замени со гаранција, куќен притвор или некоја друга соодветна мерка за обезбедување на присуство. Во делот на издржување на мерката притвор, државата е должна да обезбеди адекватни услови, бидејќи доколку тоа не го стори, постои опасност Судот во Стразбург да оцени дека постои нечовечки или понижувачки третман или евентуално, тортура на притвореното лице.” – вели Медарски за Инфомакс.мк

Слично како и во случајот на Калид ел-Масри, во случајот со Јордан Орце Камчев не се почитуваат процедурите, иако како што вели и Медарски, институциите се должни да ги почитуваат стандардите на Судот за човекови права. 

Медарски објаснува и дека притворот во Македонија притворот треба да се употребува само како крајна мерка, и само тогаш кога судот ќе се увери дека други превентивни мерки нема да имаат ефект. Медарски додава и дека одлуката за притвор мора да биде детално обрзаложена, што не е случај со притворот определен ниту за ел-Масри ниту за Орце Камчев. 

Адвокатот додава и дека притвроот мора да биде поткрепен со докази, кои мора да и бидат презентирани на одбраната, сепак до овој момент одбраната на Камчев нема добиено ниту еден доказ кој го поткрепува барањето за притвор – а во оваа смисла ниту фамозната белешка на АНБ.

Гордан Калајџиев

Професорот Гордан Калајџиев пак, апсењето на Камчев го смета за незаконито затоа што во процесот не било консултирано ниту Јавното Обвинителство ниту судот.


„Апсењето е незаконито затоа што не биле консултирани ЈО и судот, а имало време за тоа. Постапката за притвор е повредена и со тоа што одбраната не можела да ги оспорува информациите од белешката (повреди на чл 5). Нехуманите услови во притвор се повреда на чл 3„ -вели Калајџиев за Инфомакс.

Незаконитоста на апсењето на Камчев потекнува од прекршувањето на процедурата за лишување на лице од слобода, што пак е прекршување на правото на слобода и сигурност согласно членот 5 од Европската конвенција за човекови права.

Слично како и во случајот со Калид ел-Масри, постапката за притвор во случајот со Камчев е спорна бидејќи неговата одбрана немала можност да направи увид во доказите, особено во белешката на АНБ врз основа на која се лишува од слобода бизнисменот. Ова пак, претставува бесправно лишување од слобода или киднапирање.

Костадин Богданов

Различен, но сличен е случајот „Љатифи против Македонија“ во кој лице се протерува од државата без соодветна постапка, и само врз основа на белешка на УБК, со тоа ставајќи го животот на штитеник на државата во опасност.

„Ако се фокусирате во делот на белешката (иако не сум запознаен во целост со околностите кај Орце Камчев), треба да се спореди со пресудата Љатифи против Македонија. Во овој случај се работи за давање на привремена заштита на азилант, но сличноста е во тоа што и во овие случаи УБК дава мислење/белешка за личноста дали треба да му се даде привремена заштита, но таа белешка не им се презентира на барателите на азил со оправдување дека е класифициранана. Во конкретниот случај ЕСЧП одлучил јасно дека без оглед што е класифицирана информација, треба да им се доставува на увид и одговор на барателите бидејќи потенцијално може да задира во нивните права“ – вели Богданов за Инфомакс.

Случајот на Љатифи и ел-Масри определува правни преседани кои се задолжителни за Македонското законодавство и судови. Сепак, судијата на претходна постапка, обвинителот и полицијата не ги земале во предвид овие пресуди, иако морале, и повторно ја прекршуваат процедурата за определување на притвор со тоа прекршувајќи ги членовите 3, 5, 8 и 13 од Европската конвенција за заштита на човековите права.

Оттука, паѓа во вода и образложението дека класифицираната белешка на АНБ не може да се даде на одбраната на Јордан Орце Камчев, а тоа судот во Стразбур јасно го нотирал и го направил задолжителна пракса за Македонските судови.

Красимир Каракачанов

Она што е најстрашно во случајот е сомнежот дека таква белешка на АНБ, врз основа на која е притворен Јордан Орце Камчев постои, имајќи ја во предви изјавата на доскорешниот министер за одбрана на Р.Бугарија и вицепремиер за безбедност Красимир Каракачанов кој ги негираше информациите на македонските власти дека во белешката биле нотирани планови за бегство во Бугарија со помош на бугарски агенти.

– И тие информации дека бугарски агенти му помагале на Јордан Камчев да организира бегство од Македонија се целосна глупост. Лага на Виктор Димовски и неговата банда, тврди Каракачанов за Инфомакс, објаснувајќи дека за тоа не постојат никакви докази.

До овој момент, редакцијата на Инфомакс не успеа да добие одговор од Виктор Димовски и АНБ во врска со фамозната белешка, која по се изгледа не постои, особено ако се земе во предвид ијзавата на Каракачанов, но и информациите кои доаѓаат од парламентарната група за контрола над работата на АНБ од каде велат дека пристап до белешката во контролата која парламентарците ја правеа на 5.април во АНБ им била забранета со образложение дека постои законска пречка.

Ако на некој досега не му беше јасно, сега би требало да биде кристално чисто – Макеоднија е земја во која секој до нас може, или веќе е киднапиран.

А.Митовски

Latest News

Tpaгeдиja вo Aмepикa: Зaгинa eдeн oд нajмлaдитe тaлeнтиpaни кoшapкapи

Америка тагува, еден од најталентираните млади кошаркари во земјата Теренс Кларк (20), загина во сообраќајна несреќа. Трагичната вест ја соопшти...

More Articles Like This