ЗАМЕНИК ДИРЕКТОРОТ НА УЈП ПРЕТЕПАЛ ЧОВЕК: Се фалел дека е куќен пријател на Заев и со тупаници тепал 62-годишен маж!

  • July 15, 2017

УЈП го потврди инцидентот во кој заменик директорот на оваа институција со тупаници нападнал постар маж, фалејќи се дека никој ништо не му може затоа што бил „куќен пријател со Заев“, а и дека бил близок со актуелната директорка од „шарената револуција“ Сања Лукаревска 

УЈП го потврдува инцидентот од вчера, кога заменик директорот на УЈП Скопје, Исмет Гури, познат по насилства врз вработени во УЈП, а притоа самиот тенденциозно нагласувајќи блиски пријателски врски со директорката на УЈП Сања Лукаревска, познат партиски кадар на социјалдемократите, но и со Зоран Заев, со боксови нападнал вработен. Од таму велат дека „Единицата за проефесионални стандарди веќе постапува со цел утврдување на фактичката состојба и на одговорноста на вработените за непрофесионалното однесување“.

Од УЈП не одговараат што може да се очекува како исход од истрагата по пријавата за Гури, кому ова не му е прва пријава за насилство до внатрешната контрола.

Но од таму нема одговор ни што ќе преземе УЈП за заштита на вработените жртви на самоволието и насилните испади на раководни лица со јавно искажана партиска припадност како предуслов за нивна неказнивост; ниту пак одговр на прашање за блискоста и пријателството на Исмет Гури со директорката на УЈП Сања Лукаревска, која Гури ја нагласува како заштита дека ќе мине неказнето и како момент за заплашување на жртвите.

Наместо одговор, од УЈП и пренесуваат што сѐ подразбираат Етичките принципи на даночната служба и Кодексот на однесување на вработените во Управата за јавни приходи, како и тоа дека „Физички пресметки и секое однесување кое е спротивно на горенаведените етички принципи на даночната служба, е недозволиво од било кое службено лице без разлика на неговата позиција во хиерархијата на УЈП, а особено активности со кои се нарушува угледот,честа, објективноста и достоинството на даночната служба“.

-Секое однесување спротивно на кодексот и етичките принципи на даночната служба, вработениот постапува и спротивно на должностите на даночните службеници уредени со член 26 од Законот за Управата за јавни приходи- стои во одговорот од УЈП.

Но ова не е прв инцидент на заменик-директорот на УЈП Скопје Исмет Гури, за кого внатрешната контрола реагирала и за други физички напади, за што е и суспендиран од регионалната дирекција Скопје. Гури, кој е дел и од истрага на СЈО како член на општинска изборна комисија во Чаир, сега за време на испадите се служи со имињата на новото раководство, директорката Лукаревска и Заев нагласувајќи ги како негови блиски куќни пријатели и негова заштита. – пренесува „Република“

Претходно «
Следно »