Замрзнати наставните програми на министерката Дескоска

  • February 18, 2019

Гласно најавувани, но новите наставни програми во основното образование се уште стојат замрзнати. Помина повеќе од една година по бомбастичната најава дека следуваат значајни реформи, сепак јавноста не виде ниту една од најавените новини. Просветните работници прашуваат што ги кочи промените кои ги најави тогашната министерска за образование, сега министер за правда Рената Дескоска. Тврдат дека моментно статус кво ситуацијата не му одговара на никој – најавата беше дека ќе има измени во наставните промени најнапред за прво одделение но и за второ и трето одделение, анализира порталот Фактор.

Според најавите едни од клучните промени кај првоодленската програма требаше да биде тоа наставата да биде соодветно прилагодена на возраста на учениците од 5 и пол години. Тоа според просветните работници е и една од промените која треба да биде итна затоа што спуштањето на првото одделение на 5и пол години било вештачки направено, создало суштински проблем во образованието и непотребно ги оптовари учениците, но создаде притисок и за родителите. Требаше бројот на часови да се намали, па првоодделените д анемаат повеќе од четири часови дневно, со тоа што ќе с енамали и времето кое учениците че го поминат во настава на сметка на зголемување на времето за одмор и игра. Министерството најавуваше и дека часот ќе трае 40 минути, а одморот по 15 минути, со тоа што на децата од прво одделение не треба да им се дава домашна.

Министерот за образование Арбер Адеми неодамна во интервју за Фактор изјави дека е можно основците да учат по новите правила од следниот септември. До тогаш Министерството за обарзование ќе успее да го подготви новиот закон, но и да го имплементира. Сепак се тврди дека моментно работата е закочена.

Неговата претходничка Дескоска најави и дека се очекува распишување на јавен повик за изготвување на нови и квалитетни учебници.

Моментно наставните програми Кембриџ важат за предметите математика и природни науки од прво до петто одделение, а од шесто до деветто одделение важат за предметите математика, Хемија, Физика и Биологија. Експертите, како и пошироката јавност, имаа низа аргументирани критики и недостатоци на овие програми. Се тврди дека има недоследности кон учебниците кои несоодветно беа адаптирани на програмата.

Се планираше наместо предметот „Природни науки“ да се воведе предмет „Светот околу нас“, предметот „Уметност“ да опфати музичко, ликовно и креативни вештини, а„Мајчин јазик“ учениците да имаат секој ден, математика – четири пати во неделата, а странски јазик два часа неделно. Се планираше бројот на часови од прво до трето одделение да биде ограничен на 20, од четврто до шесто на 25, а од седмо до деветто на најмногу 30 часови неделно. Се планираше намалување и неделниот фонд на наставни часови за одделенските наставници – од 18 до 23 наставни часови, во кои влегува и времето за организирано прифаќање на учениците пред и по наставата и укинување на одржувањето на настава во саботите.

Од МОН побараа и очекуваa од наставниците од одделенската настава како и сите заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми.

Претходно «
Следно »