ЗАПАДОТ ЈА ИГНОРИРА ВОЛЈАТА НА НАРОДИТЕ НА БАЛКАНОТ: Ги вшмукува во НАТО без нивна согласнот!

  • February 20, 2019

„Западот го „вшмукува“ Балканот во НАТО, без оглед на волјата на народите во земјите во регионот“, изјави во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на комеморацијата во чест на поранешниот постојан претставник на Русија во ОН, Виталиј Чуркин.

„Западот спроведува арогантна линија за вшмукување на овој регион во НАТО, не сметајќи ја волјата на народите на засегнатите земји, без оглед ниту на уроците од историјата, ниту на елементарната дипломатска пристојност“, го цитира агенцијата ТАСС Лавров во излагањето на Дипломатската академија на руското министерство за надворешни работи.

Истакнал и дека Русија долго и упорбно повикува „да се врати на корените, зацртани во Повелбата на ОН и документите на ОБСЕ, на основните принципи на меѓународното живеење: суверената еднаквост на државите, немешањето во внатрешните работи, неупотребата на сила или закана со сила, решавањето на споровите исклучиво со мирни средства“.

Претходно «
Следно »