ЗАПОЧНАА АКТИВНОСТИТЕ НА АМБАСАДАТА НА САД: Човекот за вршење притисок врз судиите во акција со обвинителите на СЈО!

  • October 28, 2016

Како да не беше доволно парадирањето на Катица Јанева во амбасадата на САД и дрското вмешување во внатрешните работи на земјата од страна на амбасадорот Бејли кој без ни малку совест се шеташе по партиски штабови, и одлучуваше кога ќе има, а кога не избори, неговата десна рака и раководител на секторот за правни работи во Амбасадата на САД Кристина Каранакова реши дека треба да позира со обвинителите на СЈО

 

karanakova_sjo_laskova

Кристина Каранакова (лево) во друштво со обвинителите од СЈО и претседателката на организацијата на жени на СДСМ Цветанка Ласкова (десно)

Кристина Каранакова инаку во правната фела важи за човек за врска помеѓу Бејли и правосудните органи на државава, вклучително и квази-институционалното СЈО. Нејзината поточна задача е координирање на пресудите и решенијата кои ги носат правосудни органи и вршење притисок врз истите.

Пред неколку месеци Каранакова беше забележана как со службен џип на амбасадата е донесена во суд дента кога се одлучуваше за предметот „Тврдина“ за што постоеа сомневања дека токму амбасадата вршела притисок да биде изземен судијата назначен на предметот и тоа по барање на СЈО.

Во нејзината последна „фото-сесија“ Каранакова е во друштво на специјалните обвинители од квази-институционалното СЈО, преку кои всушност се води целокупната црна агенда на „чадорот“ за дискредитација на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа директно помагање на опозицијата од која се очекува дека доколку дојде на власт ќе биде послушничка, марионетска власт која треба да го имплементира вториот дел од црното сценарио кое се одвиваше во 2001-ва година.

Вториот дел, како што е веќе познато е воведување на двојазичност на целата територија на Р.Македонија, федералзирање и евентуална поделба.

На фотографиите, Каранакова можете да ја видите во друштво со обвинитеите Трајче Пеливанов, Гаврил Бубевски, Катица, Ленче Ристовска која пак „случајно“ беше испратена на обука во САД и тоа на трошок на владата на САД.

Каранакова во друштво на обвинителот на СЈО Гаврил Бубевски

Каранакова во друштво на обвинителот на СЈО Гаврил Бубевски

Каранакова која својот подем во кариерата го достигна во времето на министерувањето во МВР на Љубомир Фрчковски, поддржана од Доста Димовска, често може да се забележи во друштво со високи функционери на СДСМ, а неретко и со претседателката на организацијата на жени на СДСМ Цветанка Ласкова.

Обвинувањата дека Амбасадата на САД и амбасадорот Бејли преку Каранакова вршат притисоци врз правосудните органи во земјава неодамна беа негирани, но доказите повторно докажуваат нешто сосема спротивно.

Претходно «
Следно »