September 30, 2020, 1:37 am

Започна ремонт во РЕК Битола

Поврзано

Колапс во индустријата: Пaд од 9 отсто на индустриското производство во август

Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи пад од 9,1 отсто, а во периодот јануари...

Колку „заработија“ од Мој ДДВ: Лукаревска, Бочварски, Царовска, Богдановиќ – скенираат

Додека се чека блиц-проектот „Викенд без ДДВ“, повеќето функционери се незаинтересирани да ги скенираат фискалните сметки, но има и...

Цената на горивата останува иста

Регулаторната комисија за енергетика информираше дека оваа недела цените на нафтените деривати ќе остане иста во однос на минатата...
- Advertisement -

РЕК Битола започна со ремонтните активности предвидени за годинава.

До средината на ноември ќе бидат направени редовни ремонти на Блок 1 и Блок 3 и капитален ремонт на Блок 2, соопшти ЕСМ.

Блок 1 ќе биде во ремонт до 3 јуни, по што следува ремонт на Блок 3 од 4 јуни до 7 јули.

Осум години по модернизацијата, годинава капитален ремонт ќе биде изведен на Блок 2. Ремонтните активности на овој блок ќе траат од 15 август до 15 ноември.

За ремонтите на блоковите предвидени се повеќе од 10 милиони евра. Зафатите ќе ги изведуваат фирми искусни во својата работа, кои заедно со подизведувачите доаѓаат претежно од Битола и регионот, со што комбинатот индиректно ја поддржува локалната економија. Успешната реализација на ремонтите треба да обезбеди стабилно производство на електрична енергија, особено во текот на зимата. Таков беше случајот претходната грејна сезона во која РЕК Битола работеше непрекинато, со максимален капацитет на сите три блока 81 ден, состојба која во комбинатот не беше забележана последите шест години.

Со ремонтот на блоковите, АД ЕСМ и РЕК Битола имаат за цел не само да ја зајакнат стабилноста на електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, туку и да го зголемат производството на електрична енергија, да ги намалат трошоците на производство, а заштедите и приходите од работењето да ги инвестираат во капитални проекти, пред се за заштита на животната средина.

Така, за време на капиталниот ремонт на Блок 2, ќе започне и санацијата на разладната кула на овој блок за што се предвидени над 6 милиони евра. На неа ќе се отстранува азбестниот плашт за што тендерската постапка за избор на изведувач е во тек. Со оваа активност РЕК Битола уште еднаш потврдува дека сериозно има намера да инвестира во проекти кои значат подобрување на еколошките перформанси. Најголема потврда за тоа е тендерот за реконструкција на електростатските филтри во износ од 20,4 милиони евра, велат од ЕСМ.

Latest News

„Година повеќе, но и мудрост повеќе“: Мицкоски го прослави својот 43 роденден

рестедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави фотографија со торта на социјалните мрежи, по повод неговиот 43-ти роденден. „Година повеќе,...

Коронавирусот мутира и станува сѐ поотпорен на мерките за заштита

Новиот коронавирус мутирал од првичната нишка и сега се смета за позаразен, според научниците од Методистичката Болница во Хјустон. Студијата, која се уште не е...

Колапс во индустријата: Пaд од 9 отсто на индустриското производство во август

Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи пад од 9,1 отсто, а во периодот јануари ‒ август 2020 година, во...

МК „хотел Мериот“, Телма и Заев – тоа е коалицијата

Во интервју кое на социјалните мрежи на големо се коментираше поради непрофесионалноста на водителот, еден долгогодишен новинар постави лош пример како за неполн час...

Поради дефekт дел од Центар ќе остане без вода

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека утре поради дeфект на затварач ф 80 мм., на ул.Филип Втори Македонски ББ (карши Жена Парк), прeкинато...

More Articles Like This