ЗАПОЧНА СО РАБОТА КОМИСИЈАТА: Ќе се менува Македонската историја со комисија составена од бугарски историчари

Поврзано

ДОБРИ ВЕСТИ ОД ВЕЛЕС: Денеска двајца оздравени од Ковид-19, четвртти ден нема новозаболени

Според податоците од ЈЗУ Центар за јавно здавје во Велес денеска има двајца оздравени од Ковид-19 кои биле на...

ХРВАТСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА СКАНДАЛОТ СО ТОЗИЈА: Прашуваат дали неговите ставови се ставови и на македонската Влада?

И хрватскиот портал „Отворено“ објави за скандалозното однесување на директорот на Агенцијата за Филм на Македонија Горјан Тозија, кој...

НЕЗАБОРАВНИК ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ

Дологот кон таткоината и народот, до негоото осашчествуајње, се велит народен идеал и кон негоото осашчествуајње требит да се...

Владите на Македонија и на Бугарија ги утврдија составот и членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и на Заедничката меѓувладина комисија, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, а се очекува деновиве во Софија експертската комисија да ја има првата средба.

Како што изјави за МИА владиниот портпарол Миле Бошнаковски, Владата за координатор на Заедничката експертска комисија го назначи проф. д-р Драги Ѓоргиев, редовен професор и научен советник во Институт за национална историја и член на Македонската академија на науки и уметности, а за претседавач на Заедничката меѓувладина комисија шефот на дипломатијата Никола Димитров.

– Министерството за надворешни работи, користејќи ги позитивните меѓународни искуства за вакви процеси, во соодветна владина процедура, ја заврши постапката за формирање на комисиите – Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, согласно член 8 ставови 1 и 2, како и Заедничката меѓувладина комисија, согласно член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Во следната фаза предвидено е оддржување редовни средби меѓу соодветните комисии, согласно заеднички утврдената динамика, што ќе работат на унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, а во функција на натамошно унапредување на добродоседските односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија, посочи Бошнаковски.

Во составот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања се и проф. д-р Љубица Спасковска, научен соработник на Универзитетот Ексетер, Велика Британија во својство на надворешен член, како и членовите: проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, редовен професор на Институтот за историја при Филозофски факултет на Универзитет Кирил и Методиј во Скопје, проф. д-р Љупчо Ристески, антрополог и професор на Институт за етнологија и антропологија при УКИМ, проф. д-р Петар Тодоров, виш научен соработник во Институтот за национална историја, доц. д-р Дарко Стојанов, научен соработник во Институт за национална историја и д-р Александар Литовски, директор на НУ Завод и Музеј во Битола.

Во Заедничката меѓувладина комисија, Владата покрај министерот за надворешни работи Димитров, како претседавач, за членови ги определи: вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и министерите за култура Роберт Алаѓозовски, за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, за здравство Венко Филипче, за транспорт и врски Горан Сугарески, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Членови на заедничката меѓувладина комисија се и министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, за за труд и социјална политика Мила Царовска, за образование и наука Рената Дескоска, заменик министрите за финансии Ширет Елези, за правда Оливер Ристовски, за одбрана Беким Максути, за локална самоуправа Дејан Павлески и Маја Бариќ советник во Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори.

Во Република Бугарија минатиот петок беше соопштен претседателот и членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Бугарскиот тим ќе го предводи Ангел Димитров, првиот амбасадор на Бугарија во Македонија. Во изјава за медиумите тој оцени дека разговорите со македонските колеги ќе бидат тешки и изрази надеж дека составот на македонската комисија ќе биде таков што ќе овозможи нормален развој на разговорите. Вети дека бугарскиот тим ќе демонстрира добри намери кои се содржани и во Договорот за добросоедство.

Според бугарски медиуми, кои се повикуват на изјава на проф. Иван Илчев, поранешен ректор на Софискиот универзитет и член на комисијата, првиот состанок ќе се одржи утре во бугарската престолнина и на него треба да бидат утврдени насоките за работата на Заедничката експертска комисија

По ратификацијата на Договорот во Собранието на Република Македонија (на 15.01.2018 година) и во Националното Собрание на Република Бугарија (на 18.01.2018 година), министерот за надворешни работи Никола Димитров за време на билатералната посета на Софија, на 14 февруари 2018 година, со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева ги разменија Ратификациските документи од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија и го потпишаа Протоколот за нивната размена, со што на 14 февруари годинава Договорот стапи во сила.

Формирањето на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, како и на Заедничката меѓувладина комисија е согласно одредбите од Договорот, со кој беше предвидено тоа да се реализира во рок најдоцна до три месеци од влегувањето во сила.

- Advertisement -

Актуелно

OД КАДЕ МУ ИНФОРМАЦИИ НА КУРТИ: Избори во Македонија ќе има во јули

– Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата...

РАСТЕ БРОЈКАТА И ДЕНЕС: На 250 теста 21 нов случај на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и...

Нов раст на новозаболени од Ковид-19, да се почитуваат препораките

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи...

БРОЈКАТА И НАТАМУ РАСТЕ: 37 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Прилеп-7, Велес-2. Во изминатото деноноќие не се регистрирани...

СО ЛЕСНО: Почна 42-часовниот карантин во државата

Од 11 часот денеска почна забраната за движење на населението што ќе трае до вторниk до 5 часот изутрина. Забраната не важи за полицијата, армијата,...
- Advertisement -

Повеќе вести

- Advertisement -