Започнете го денот позитивно

  • March 16, 2019

Ви се случува да се разбудите со толку многу мисли на ум, да не знаете од каде да почнете? Важно е да сфатите дека и кога имате премногу обврски, а премалку…

…време или премногу сметки, а премалку пари, сеедно може да живеете добро.

Како?

Можеме да ја прифатиме едноставноста како посакувана цел наместо компликациите кои не можеме да ги контролираме.

Можеме да бидеме креативни и да создадеме нови околности и нови можности. А над се, можеме да ги цениме моментите кои ни ги носи секој нов ден.

Како да внесете позитивност секое утро?

1. Додадете го „Јас можам“ во својот утрински вокабулар. Размислувајте како „Јас можам да уживам, јас можам да се смеам, можам да бидам она што сакам да бидам“.

2. Смејте се. Смеењето доведува кислород во крвта, поттикнува лачење на ендорфин, ја намалува напнатоста.

3. Пронајдете среќа во малите нешта. Радувајте се на ситници. Писменце од саканата личност е далеку поубаво отколку златно ланче.

4. Најдете храброст да станете оптимист. Песимизмот можеби е ваша дневна навика, но оптимизмот треба да е ваш начин на живот. Овој став бара повеќе работа и храброст, но ви овозможува да најдете нови патишта во животот.

Започнете го денот оптимистички и вашите акции ќе изнудат позитивни реакции.

Претходно «
Следно »