ЗАРОБЕНИ БРИТАНСКИ ВОЈНИЦИ ВО ИСТОЧНА ГУТА: Сириската армија заробила британски војници кои се спремале за пешадиски напад – откриено сценарио слично на Арачиново!

  • April 12, 2018

Припадници на Британските вооружени сили биле фатени од Сириската армија за време на воена операција во Источна Гута, според извештаи на локалните медиуми

Според телевизискиот канал Ал-Мајден, Британски војници биле заробени за време на операција на Сириската армија во Источна Гута.

Медиумите пренесуваат дека истите се дел од меѓународните воени сили кои се испратени во регионот со цел лансирање на пешадиски удар врз Дамаск во соработка со САД. Според извештајот, САД и останатите НАТО земји, Јордан и Израел планираат напади од неколку различни фронта, но сценариото најверојатно нема да се оствари поради силната офанзива на сириските вооружени сили во Источна Гута во текот на март.

Според воени извори во Сириската армија, сценариото предвидувало масовни воздушни удари од САД и Израел, кои би требало да го расчистат патот на пешадијата.

„Откако сценариото е откриено, Сириските и Руските воени команданти започнаа со операциите во Источна Гута за да ги одвратат“, пренесува Ал-Мајаден и агенцијата ФАРС.

Поради ваквиот исход, САД се откажале од ваква стратегија и итно биле повлечени сите странски сили во Источна Гута, вклучително и во градот Дума.

САД и Турција понудиле помош за странските „милитанти и агенти кои оперираат за сметка на Израел, Јордан и НАТО“, сега заробени во Гута, за да ги префрлат во Идлиб, тврди изворот за сириските медиуми.

Турската иницијатива за евакуација на терорисите од Ал-Нусра фронт во автобуси од Гута, било со цел да се прикрие евакуацијата на „специјални странски сили кои биле меѓу редовите на организации блиски до Ал-Каеда и Ал Нусра“.

„Затоа, воените команданти на САД испратија препорака до Џајш ал-Ислам, Фајлак ал-Рахман и други терористички групи да дозволат евакуација на барање на Руските и Сириските сили кои отворија хуманитарен коридор во источна Гута со цел да се спасат овие странски агенти, преправени во цивили, и да се дозволи на Турското разузнавање да ги испратат во посочените региони во Ал-Танф и северна Сирија кои се под контрола на трупи на САД“, вели изворот, пренесуваат Сириските медиуми.

Претходно «
Следно »