Зар и ти сине Ероле!

Поврзано

Кандило и Божилак – изборни пораки на Дурловски

Се запенавиле, та помодреле, цела една сурија од новинари, колумнисти и таканаречени експерти(Билјана Секуловска, Цаца Николовска, Сашо Ордановски,...

ВМРО-ДПМНЕ како опозиција нема изгyбeнo парламентарни избори

Традицијата, бројките и севкупната социополитичка соcтојба и пред изборна атмосвера во Република Македонија се во прилог на очекувањето и...

Потрагата по глас повеќе – започна жестоко

И веднаш се случија чуда: ДУИ постави ултиматум, албанец за премиер, без да знае дали и колку пратеника ќе...

Зар и ти сине Ероле!(1.)

/Или “Турчето“ од “Нова Македонија“ со “куп солзи, куп мрсули“ во крстоносна војна против Република Македонија/

(Повод за моето пишување е текстот на Ерол Ризаов, насловен “Извинување до Катица Ќулавкова“, објавен на 11. 06. 2020г., во весникот “Слободен печат“, во рубрика “Став“)

Фашизам? Нацизам? Не разбирам…

Првин дојдоа по комунистите, а јас не се побунив бидејќи не бев комунист.
Потоа дојдоа по Евреите, а јас не се побунив бидејќи не бев Евреин.
Потоа дојдоа по синдикалците, а јас не се побунив бидејќи не бев синдикалец.
Потоа дојдоа по католиците, а јас не се побунив бидејќи бев протестант.
На крајот дојдоа по мене, а тогаш немаше никој кој да се побуни.
Мартин Нимелер
Ситни (спортски) новинари, со сомнителни морални квалитети
Ерол Ризаов, изјава на управен одбор за колегите

Ероле Ризаов! Ми се гади од секој збор, буква, запирка, точка, море и блујам од наводниците и прашалниците што си ги употребил во твоето писание “Извинување до Катица Ќулавкова“. Ама, машки, Волтеровски, исчитав се што си напишал: од почеток, до крај. Ти го имаш тоа право. Ти припаѓа. Да ни кажеш како се чувствуваш, што размислуваш, како гледаш на работиве. И за овие актуелниве, море и акутни, ама и за оние, патешни и дамнешни, од пред 650 години. Тоа е Демократија! Тука и сега, во Македонија. Слобода на мислата! Во 21от век. Слобода на пишаниот збор! Тоа е “Слободен печат“. За еден реномиран, искусен и интелигентен новинар, колумнист, есеист и публицист. И да бидам искрен полн со иронија, цинизам, сарказам, кои несвесно ти всадиле комплекс на пониска вредност, па мислиш дека целиот свет е против тебе и те мрази. И оној комунистичкиот, и овој демократскиот. И оној “турскиот“, ама и “каурскиот“.

А бре Ероле, бељи ми правиш во приоритетите за пишување. Штотуку, сакав да напишам нешто за колумната над колумните на почитуваната Билјана Ванковска (социолошка и политолошка анализа пар екселанс – less is more), и оп налетуваш ти со твојот макартизам со софистициран османлиски шмек. И удираш ли удираш со ниски удари по Дамата. Кочи малку бре Ероле, сум слушал дека во младоста си бил голем џентлмен, фраер, боем и заводник. Каде ти испарија овие квалитети? Зошто во позни години ги напушташ? Негувај ги! Тие се трајно добро. Или, те напуштаат? А? Добро, тоа е тоа.

А сега, зошто ти пишувам? Првин нешто малку да нотирам: Ти новинар, и јас мислам дека имам барем 1% новинарско во мене; Ти колумнист, да простиш, ама и јас. Мојата маленкост колумни пишува од 1996г; Ти есеист, ама и јас нешто одбирам од тоа; Ти публицист, ете и јас некоја книга издадов; А да ти кажам на крајот на краиштата, се думам, кога можеше она “дерлето“ Боцевски, да полемизира со тебе, па мечка страв, мене не, и јас ќе се пробам. Чисто од принцип. За честа, личноста и делото на една Дама се работи. А бе, и за малку повеќе, ама подоцна за тоа. Е па друже, ако те уверив дека “браќа по оружје сме“, многу, многу да не должам. Ајде да развиваме демократија. Од онаа минатата, социјалистичка и самоуправна (и утописка, ама и реална), до оваа, денешната, модернава, во која секој еден, кога ќе посака, на јавната сцена уринира, или се посира, како во ќенеф.

Тоа е причината зошто ти пишувам. А поводи имам, малку повеќе – цели три: “Стендаловиот синдром“ на Сашето Орданоски (што го добил од твоето уметничко дело); Бранко Героски и неговиот “ќенеф“, за кој ти пишуваш; енд фајнали, нема љутиш, твојата трогателна патетика изразена преку “куп солзи, куп мрсули“, во редовите и меѓу нив, на твоето писание. Причината поради која пишувам и од авион се гледа дека е сериозна и загрижувачка. Ама миксот – три поводи, како “три мускетари3 на пишаната реч, едниот со “Стендалов синдром“, кој паѓа во несвест, другиот од тоа ќенефот зависно од потребите, приликата и луѓето, ту вади и нуди полови органи и ги пика во нечии усти, ту некому лепи на чело или става во рака нацистичка свастика (иако ти велиш дека во него, во “ќенефот“, убиваат…) и третиот со “куп солзи, куп мрсули“, тоа си ти – мора да ми признаеш генијален ми е. Ама, ајде, спокојно, едно по едно, кроце, покроце, ќе дојдеме белким до суштината на “Цената на соживот ја плаќаме со живот“. И да знаеш: Ова ќе го изведеме на кочански начин. Јас “влав“ и “цинцар“ од влашкото маало во Кочани, а ти “турче“ од турското маало во Кочани (наводниците ќе ги објаснам подоцна). Во тоа име и на кочански дијалект пишувам.

И сега: Ерол наш, силен маж! И се истури на почитуваната Катица Ќулавкова. Браво бе Ерол! Аферим. Ашколсун. Ама и ме разочара. Мислев, стара гарда си, па знаеш дека има време за зборување, ама и време за премолчување – на нешто, за некого. Свесен си дека има и време за револт, и време за дигање џева. А најмногу бев сигурен дека разликуваш време за внимавање и претпазливост, од време за подбуцнување. Ова последното некако ти се провлекло. Толку искусен, ама некои работи не си ги научил.

Во тој контекс, поточно, во таа смисла, намерата ми е “да те убијам у појам“. Најточно да го убијам Шејтанот во тебе, само со цел барем малку добро да видиш во Македонија. Го има, тука е, околу нас, до тебе, само треба да го препознаеш. Ете за такво “убиство“ ти зборувам. “Убиство кое во поим ќе го просветли “Турчето“ во тебе. Во Ерол Човекот. Е тогаш сигурен сум дека во темелите на мојата и твојата Македонија нема да ставаш расизам, нацизам, национализам, омраза, нетрпеливост. Поинаку не бива.

Ќе поулавеам, убиваш ми ја државата. Ми ја ништеш. Абе луѓето ми ги вреѓаш. За институциите и да не зборам. Еј, плуваш по НИП-от, кој леб ти даде, те изгради како новинарско перо, те прослави и ти овозможи убав живот. Панде Колемишевски го спомнуваш во рубрика “еден влав“, бараш солидарност, сакаш да го наведеш на….е мој Ероле, Панде за тебе треба да е Бог, заслужил тој многу повеќе, ти многу добро знаеш што и зошто. И од тебе да е – многу е! А верувај ми те ценам како новинар, колумнист, есеист, публицист. Но, пред да почнам “да те убивам во поим“, ќе ти поставам некои прашања. Како прво, важни се, а како второ, се зависи од твоите одговори. Разбира се, ако ме удостоиш со нив. Ако ме удостоиш, можно е да се откажам од мојата “зла намера“. Ама, ако не ме удостоиш, а не-дај-боже и одговорите да не ми се бендисуваат, аууу, мислам дека биќе белаја, наиќичеш, назебќеш, море ајде нашински да ти кажам: ќе наебеш. И уопште да не се секираш. Нема да ти биде прв пат. Што, не ти текнува? Е па еве, вака шегаџиски, во твој стил: те поздрави Боцевски. Тоа “детето“, со специјализација од универзитетите од САД. Мислам го паметиш. Тренираше со тебе јавна дебата, демократски дискурс, и одма после неа замина за Бразил, на Копакабана. Колку да се увери дали самбата и тангите се со таков кваалитет што можат да те утешат од твојата разочараност: како од поранешниот систем, социјалистички и комунистички, тој бе што го напуштивме, така и од овој, сегашниот, кој го нарекуваат демократски. И да ти ги предложи(тангата и самбата), колку за утеха. Добро, тоа било и поминало, не важи веќе.

Морам и една друга работа да ти кажам: референците на кои ќе се повикам полемизирајќи со твоите ставови, се следни: твојата богата професионална кариера на новинар и уредник, во сите медиуми во кои си работел; Историјата за престојот на Турците на нашиве простори; Хронологија на социјализмот/комунизмот и ние во неа; И изјави, во вид на приказни, легенди и митови за вас новинарските доајени, од Тула (Владимир Тулевски) и Лав (Мирослав Наумовски). Добро, имам приказни и од една дама (новинарка) и еден ваш поранешен претпоставен. Ама, татко ми, Бог да го прости, и мирна му душа, ме учеше име на дами никогаш да не спомнувам, а кон претпоставениот, извини имам респект, сега-за-сега, ќе го премолчам(ќе барам дозвола за користење на делови од приватни разговори, не сум јас Заев или Верушевски). Тула и Лав ми се браќа какви што мајката природа не ми ги дала и за нив мака немам. Добро, признавам, уште од 1999г., кога за Тупурковски (кого и ти го споменуваш) сакав да се расправам со еден новинар, и едниот и другиот, во кафеана, ме советуваа: “Абе сељак, сто пути сме ти рекле – не се качи со новинари“. Еј, до денес се држев до тој совет. Ниту на она шнајдерчето, што негува Васкоефтовистичко “сечи-лепи“ новинарство, не го гибнав. Ејјјј! А еден куп гомнарии истури за мене. Ама еве, сега, кога гледам како бескруполозно се напаѓа Дама, на ум сум да не го испочитам тој совет. Судбина, што да правиш? Е, овој пат нека ми простат, ама преку… глава ми е од новинари, кои плачат, цмиздрат, како мали деца. Од новинари кои развиваат ќенефологија. Од колумнисти кои паѓаат во несвест од лажни убавини. И од новинари, кои од носот подалеку не дофрлуваат. Давам часна пионерска, титовска реч: Со тебе ќе се дискутирам, без навреди, плукање и блуење, а овие другиве ќе бидат колатерална штета. Дури на ум сум да поткачам и некој од онаа бандата на “шмркачи, глокачи и убијци“ кои се умишљаат како опинион мејкери. Не знам, се е можно. Се си бива. Кога може академик Катица Ќулафкова за напишани четири збора и три сврзника (значи не се седум збора, како што пишуваш ти) да ја етикетирате, прогонувате и обвинувате, во стилот на средновековната папска и државна инквизиција, со злобата на Макарти од нашата улица и со суровоста и бескруполозноста на Берија од ен=ка-ве-дето и Сталин од врвот на партијата, од комунизмот, кој ту го фалиш, ту го кудиш, тогаш ајде и од овие срцките малку да ја проветриме јавната сцена. Колку да не бзди и да не се шири реата и смрдеата што ја шират.

Чекај, дигам кочница и еве правам напор, “проблемот“ поинаку да го решиме: Знам, ти можеш. Верувам во тебе. Смогни сили: или да се извиниш на почитуваната Ќулавкова, ама без иронија, цинизам и сарказам, или мене да ми дадеш некој знак, некој ишарет, зошто си морал, си бил присилен или не знам од кои причини, така срамно да се однесуваш кон една госпоѓа и дама од јавниот живот на Република Македонија. Бидна ли една од овие две варијанти… сметај, наредена е. Што, сега, јас не чинам? Уценувам? Па чекај, бе Ероле, Заев за три години уценува се живо и диво, па влакно не му фали. Абе Герчо суетен го правеше! Срамота е. Боки Тредичи, најпогрдно го ословуваше, како “еден педер“. Нели е греота тоа? А “терористите“ се сеќаваш ли како првин ги селектираше, потоа, ги уценуваше, па ги купуваше. Чекај, а на вмровците што им викаше среде парламент “Пукнете, бе, пукнете!“. Каде е тука говорот на омраза, каде се тука кривичните. Молчете. Цвикате! “Кад ве даса јебе“. А? А што да кажеме за оние кои останаа доследни, како Ченто, Горан, и сите останати, ги фрли во темна зандана. Е па, си велам, абе да пробам и јас, да калкулирам. Можеби ќе помине. Додека чекам да се одлучиш, џа, или бу, еве ти ги поставувам прашањата: Дали навистина стоиш позади обвиненијата дека цел живот си шиканиран, навредуван и омаловажуван, само и само поради тоа што си Турчин? Дали стоиш зад расизмот, нацизмот, фашизмот и национализмот, кој го посочуваш, а кој бил присутен и во минатиот систем и во овој систем и кој целиот бил насочен кон тебе? Има уште, ама тука застанувам.
И знае се: Зелен бор, чекам одговор!

П. С.
А сега малку сериозност. Почитуван Ероле: Во насловот ставив 1(број еден), од причини што ти одговорил-не одговорил, мојата аналитичка вивисекција за твоите “куп солзи, куп мрсули“, ќе се одвива во рати. Што да правиш, за дијалектика се работи(ќе се движи и развива од комунизмот кон денешниот плурализам), а башка и за историја – за период од 1371г. па се до денес – цели 650 години(минус една). Сепак мислам треба да одговориш, и многу работи ќе ги спречиш. За доброто на сите. Во името на соживотот наш.

Колумна на Сотир Костов

Актуелно

Операција Атлантик

Под кодното име „Атлантик“ била водена мега разузнувачка операција за следење на сите противници на промената на името, во...

(Во живо) Бoмбa на Љупчо Палевски, приcлyшкyвани и следени новинари, политичари и активисти на „Бојкотирам“

Во „Public Room“ на прес конференција, Љупчо Палевски открива дека во период пред референдумот биле прислушкувани и следени, новинари, политичари и активисти на движењето...

Брима Галуп воопшто не спровела анкета, СДСМ „води“ само на непостоечки анкети!

Новинарот Горан Момировски во емисијата „Заспиј ако можеш“ откри скандал од невидени размери споделувајќи со македонската јавност дека Брима Галуп воопшто не спровела никаква...

Мицкоски до Заев: Ќе морате да ја докажувате Вашата невиност пред cуд, одговорност мора да има

На вечерашниот тв дуел гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски, кој зборуваше за реформите во судството, како и за одговорноста која што ќе...

Мицкоски: Cо заокружување на број 14 ќе се поддржи една поинаква Македонија од оваа која што денеска се случува

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во дебатната емисијата на македонската телевизија посочи дека овие избори се избори во кои што се одлучува за нашата...

Повеќе вести