ЗАТВОРИ ЈА МЕСАРАТА, ИНАКУ ЌЕ ТЕ НЕМА: Сопственик на месара во Чаир морал да го затвори дуќанот бидејќи му се заканувале со автомат?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓани од населбата Топанско поле во општина Чаир доставија писмо до нашата редакција со кое го изразија својот револт, а воедно и страв од една случка во нивното маало

Имено, пред неполн месец на улицата„Благоја Паровиќ“ во Топанско Поле се отворила месара од еден познат македонски ланец месари. Ова, според жителите на населбата била единствената месара во Топанско, каде што можеле да купат свинско месо, со исклучок на големите маркети, како што велат, значително им го подобрило квалитето на живот.

Но токму понудата на свежо свинско месо, предизивкало незадоволство кај жители со различна вероисповед.

По само две недели работа на месарата, „локални шерифи“ од Чаир го следеле сопственикот до неговиот дом, каде што со автоматска пуштка му се зaкaнувaлe по неговиот живот и неговото семејство. Му било ставено до знаење дека свинско месо не смее да продава на оваа страна од градот, а во рок од 24 часа мора да ја затвори месарата ако сака да остане жив и здрав и дека полицијата нема да му помогне!

Цела оваа голгота со закани се случувала веднаш по Новогодишните празници, а сосптвеникот одлучил да го затвори дуќанот на 4ти јануари.

Од соживот, толку.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This