December 9, 2021, 8:38 am

Затвopeна модулapната бoлницa во Скопје, пpoкисна кpoвот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Затворена е модуларната болница во Скопје поради тоа што дел од кровот почнал да прокиснува.

Поради обилните врнежи од дожд пред неколку дена, дел од кровот на модуларната болница овде во Скопје е оштетен, но за среќа немало ниеден пациент внатре, објави ТВ21.

Како што објаснуваат од Инфективната клиника, друга причина за затворање на модуларната болница е и намалениот број на хоспитализирани пациенти.

Оттаму информираат дека модуларната болница се дезинфицира и се вршат стандардните процедури за нејзиното одржување.

Во модуларната болница немало никаква хаварија, бидејќи ниту се случила поплава во болницата, ниту вода била во допир со струјата. На едно место се појавило мало количество на водени капки, но во ниту еден миг не биле во допир со електричната енергија. Модуларната болница која е помошно инфективно одделение на КИБФС од пуштањето во употреба трипати беше отворана и затворана согласно потребите за третирање пациенти – велат од Клиниката.

Оттаму додаваат дека Инфективната клиника ја пушта во употреба модуларната болница кога се исполнува капацитетот на Клиниката и другите ковид центри во градот. Исто така поради намалување на бројот на хоспитализирани пациенти во изминатиот период, затворени се и другите ковид центри во рамки на Клиничкиот центар во Скопје како и низ цела држава, со цел да се заштеди на извори и персонал.

Latest News

Цената на струјата ќе се зголеми од 1 јануари – надлежните не очекуваат покачување повеќе од 10 проценти…

Цената на електричната енергија нема да се зголеми повеќе од 10 проценти, уверуваат надлежните министри. Според нив, понудата што...

More Articles Like This