Затоа паѓаат бројките: Затворени пунктовите за тeстирање бидејќи немаат тeстови

Поврзано

Регистрирани 198 нови случаи на ковид-19, починaлe 12 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а...

Xоспитализирани 20 ковид пациенти во последното деноноќие, 806 лица се лекуваат од ковид-19 во болниците во Македонија

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град...

Поради двајца позитивни ykинaт воздушниот сообраќај помеѓу Австралија и Нов Зеланд

Властите во Нов Зеланд одлучија од недела на полноќ да го укинат воздушниот сообраќај со Австралија поради страв од...
- Advertisement -

Нема брзи тестови за Ковид-19 во пунктовите во скопските поликлиники. Од здравствен дом за Сител потврдија дека последните три дена поради немање на материјали за тестирање екипите не работат. Но кога ќе добијат, оваа услуга повторно ќе им биде достапна на граѓаните. Реагираат и матични лекари кои за Сител потврдија дека воопшто нема термини за закажување и нивните пациенти кои имаат симптоми на вирусот или чекаат или, пак, одат во приватни лаборатории. Со ова тестирање резултатот е готов за 15 минути и позитивните на ковид веднаш влегуваат во системот. Дневно во скопските пунктови правеа околу 400 тини тестирања. Министерот за здравство, пак, вели, залихи има.

Може да се потрошат, меѓутоа има залихи, ако не со пренамена од еден пункт во друг, тогаш од централниот магацин ќе добијат, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Со воведување на брзите тестови во Здравствен дом Скопје, повеќе од 6 месеци без прекин работат и пациентите помалку чекаат за тестирање.

Дека бројот е намален покажува и дневната статистика од ИЈЗ. Вчера имало 686 распид тестови или двојно помалку од стандардниот просек. До пред една недела се правеа околу 1200 тестирања во едно деноноќие. Со ова се намалува и дневниот број на направени тестирања а тоа пак може да влијае на бројката на новодијагностицирани со корона. Освен во Скопје и во Прилеп најавуваат дека имаат брзи тестови за уште десетина дена.

Latest News

Уkpaдени pecпиратори во Шведска, преку Косово завршиле во Хрватска

Полициската станица на Медвеќак во Хрватска започна кривична истрага против млад човек (25) кој е осомничен дека набавил 24...

More Articles Like This