October 24, 2021, 5:29 am

Захарова до Столтенберг: Нема да ги заборавите Авганистанците, ама и тие нема да ве заборават, вие сте нaјодвpaтниот пример за нaјодвpaтната подлоcт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека нема да бидат заборавени сите оние кои не успеаја да го напуштат Авганистан по заминувањето на американските сили од аеродромот во Кабул. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова вели дека ниту Авганистан никогаш нема да го заборави НАТО.
„Многу е важно аеродромот да остане отворен, како за испорака на хуманитарна помош за авганистанскиот народ, така и за евакуација на луѓе кои сакаат да заминат, но не можеа да го сторат тоа за време на воената евакуација. Продолжуваме да работиме за да ги евакуираме. Нема да ги заборавиме “, рече Столтенберг во интервју за АФП.
Коментирајќи ја неговата изјава, Захарова ја парафразира песната на Александар Пушкин „Мадона“.

„Ми се чини дека ниту тој, ниту неговата чудотворна организација нема да бидат заборавени. Никогаш. Да го парафразирам Пушкин, најодвратниот пример за најодвратната подлост“, напиша Захарова на Телеграма.

Да потсетиме, во почетокот на август, Талибанците ја засилија офанзивата против владините сили во Авганистан. На 15 август Талибанците влегоа во главниот град и ја презедоа контролата врз претседателската палата, а на 16 август објавија дека војната во Авганистан е завршена и дека државниот систем ќе биде утврден во блиска иднина.

Единствената провинција што не е под нивна контрола е Паншир североисточно од Кабул.
Минатиот четврток , во две експлозии во близина на аеродромот во Кабул загинаа околу 200 луѓе, меѓу кои американски војници, припадници на талибанското движење и цивили. Одговорноста за нападот ја презеде групата ДАЕШ.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This