ЗА ВЛАДАТА ВОЗДУХОТ НЕ Е ЗАГАДЕН:Од утре прекинуваат мерките на Владата за загадувањето

  • January 22, 2019

Во соопштението кое до медиумите го испратија службите од Владата се истакнува дека согласно податоците од ДАМСКВ на ден 21.01.2019, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 g/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје на мерните места Центар, Карпош и Ректорат, Миладиновци, Битола на мерните места Битола 1 и Битола 2, Гостивар и Тетово.

-Исто така, Ве информираме декЗа градот Струмица остануваат на сила препораките и мерките согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија.

Заедно со информацијата до јавноста дека согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, почнувајќи од 23 јануари се укинуваат следните препораки и мерки, Владата на Република Македонија ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост:

– да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма и други хронични респираторни болести, прележан миокарден инфаркт, мозочен удар и други кардиоваскуларни или онколошки болести без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар;

– да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.

Препорачува на Единиците на локална самоуправа да ги ограничат работите на градежните објекти;
Препорачува на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила и да ги следат сите останати препораки согласно заклучокот.

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство:

Им препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма и други хронични респираторни болести, прележан миокарден инфаркт, мозочен удар и други кардиоваскуларни болести или онколошки болести без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар;
Им препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот;
Препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено;

Министерството за здравство:

Ќе обезбеди услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба;
Ја задолжува Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето;

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:

Ќе обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници;
Ќе дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Државниот инспекторат за животна средина:

Започнува со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, спроведување на контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање подготви и достави:

Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.

а прагот за алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 g/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, е надминат на мерното место Струмица, велат оттаму.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

За градот Струмица остануваат на сила препораките и мерките согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија.

Заедно со информацијата до јавноста дека согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, почнувајќи од 23 јануари се укинуваат следните препораки и мерки, Владата на Република Македонија ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост:

– да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма и други хронични респираторни болести, прележан миокарден инфаркт, мозочен удар и други кардиоваскуларни или онколошки болести без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар;

– да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.

Препорачува на Единиците на локална самоуправа да ги ограничат работите на градежните објекти;
Препорачува на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила и да ги следат сите останати препораки согласно заклучокот.

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство:

Им препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма и други хронични респираторни болести, прележан миокарден инфаркт, мозочен удар и други кардиоваскуларни болести или онколошки болести без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар;
Им препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот;
Препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено;

Министерството за здравство:

Ќе обезбеди услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба;
Ја задолжува Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето;

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:

Ќе обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници;
Ќе дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Државниот инспекторат за животна средина:

Започнува со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, спроведување на контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање подготви и достави:

Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.

Претходно «
Следно »