ЗА ГЛУМЕЊЕ ПРЕД ЈАВНОСТА СО СОЛЗИ, НАГРАДА ЗАМЕНИК МИНИСТЕР: Во владата на Заев , местата се добиваат според тоа кој како си ја завршил дадената улога

  • June 14, 2017

За ронењето солзи, Лазовски сега е награден со место заменик-министер во новата влада на Заев.

Собранието на Република Македонија на денешната петта пленарна седница треба да ги именува замениците министри предложени од премиерот Зоран Заев. За заменик министер за култура е предложен актерот Владимир Лазовски, во јавноста познат по ронењето солзи за време на објавувањето на „бомбите“ на СДСМ.

Во март 2015-та година, токму Лазовски беше водител на трибината на СДСМ што се одржа во Универзалната сала во Скопје. Лазовски дури и се расплака при најавувањето на Зоран Заев на сцената. Дополнително, Лазовски тогаш од улога на водител, актерски ги најавуваше фамозните „бомби“ на Заев притоа интерпретирајќи ги по свое нелегално прислушуваните разговори и додаваше свој наратив.

Во јавноста тогаш се проширија и шпекулации дека солзите на Лазовски биле наплатени во илјадници евра, а тој самиот се фалел со баснословен хонорар за завршената работа. Актерот подоцна ги демантираше ваквите информации. За ронењето солзи, Лазовски сега е награден со место заменик-министер во новата влада на Заев.

 

Претходно «
Следно »