October 25, 2021, 7:38 am

За едните мајка, за другите маќеа: Државата ќе им дава помош на богатите фирми, но не и на фирмите што поради пaндемијата трпaт зaгуби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата најави дека ќе има нов сет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните, кој треба да биде петти по ред. Иако пакетот се најавува уште од декември минатата година и кој требаше да биде изготвен во јануари, веќе сме на половина од февруари месец а петтиот сет економски мерки за помош на стопанството, кое се наоѓа во тешка економска криза, се уште нема.

Освен што се доцни со последната државна помош, како и за претходните кога власта не интервенирање навреме со финансиска помош за стопанството, по што македонската економија влезе во рецесија, помошта нема да биде еднаква за сите. Односно, државната финансиска помош нема да ја добијат тие на кои што им е најпотребна и за која, воедно, се носат мерките, туку ќе ја добиваат богатите стопанственици, што значи тие што за време на кризава не трпат загуби, туку работат со добивка.

Ова, првично, го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи кој истакна дека финансиската помош која фирмите ја добиваат и за исплата на плати, ќе треба да ги вратат парите назад. Тој во телевизиско гостување истакна дека помошта за плати ќе биде неповратна само за оние компании кои ќе покажат позитивни финансиски резултати.

Сите компании коишто би земале субвенции за плати, предвидени со петтиот пакет економски мерки, нема да имаат обврска да ги вратат средствата единствено ако прикажат добивка, појасни во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој додаде дека во сите останати случаи, средствата ќе треба да се вратат во државната каса.

Претседателката на Сојузот на стопански комори смета дека ваквата мерка е анти-социјална затоа што овие мерки за финансиска помош на стопанството се носат за да помогнат на компаниите коишто немаат можност за остварување на добивка.

„Мене единствено што ме плаши е дека во овој момент ние финансиската поддршка ја гледаме како еден тип на помош за оние коишто се наоѓаат во тешка позиција, особено оние сектори кои поради условите на пандемијата не се во можност и да сакаат да остварат позитивни резултати…малку е анти социјална оваа мерка, би кажала“, рече Арсовска во свое гостување на телевизија Алсат.

Инаку, да потсетиме, дека премиерот Зоран Заев во една прилика истакна дека компаниите кои што се во загуба подобро е да пропаднат и дека тие ќе ги помагаат локомотивите на стопанството, односно големите компании. Кога ова го изјави премиерот Заев, Македонија веќе беше во длабока економска криза која ја предизвика пандемијата со корона вирусот, а требаше да се носи некој од пакетите финансиска помош за стопанството.

Дали преку последниот сет економски мерки, Заев е на пат да ја исполни поставената цел од минатата година, фирмите кои работат со загуба, претежно не по своја вина, да ги остави да пропаднат?!

Latest News

Дaли гopивaтa пoвтopнo ќe пocкaпaт?

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за цените на нафтените деривати. Дали ќе има повторно поскапување на...

More Articles Like This