ЗА ЗАДОЛЖУВАЊАТА НА СДСМ ТРЕБА ДА СЕ СУДИ НЕКОЈ: Ја задолжија Македонија 150 милиони евра, ништо не инвестираа, а плативме 72 милиони камата!

  • November 28, 2016
  • Коментари

Стевчо Јакимовски, на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Велес, ги потсети граѓаните на начинот на кој функционира СДСМ и начинот на кој ја водат економската политика.

jakimovski-s-640x275

-Владата, од 2008 наваму нон стоп слушам дека ќе пропаднела Македонија, дека се задолжувала, дека издава обврзници, па издава обврзници. Гледате дека и оној заменик министер нон стоп нешто протестира, зашто се издавале обврзници, истакна Јакимовски и додаде: Дали знаете кој прв почна? Дали знаете кој прв издаде обврзница во Р.М.? СДСМ и таа еврообврзница во 2005 година требаше да биде употребена за капитални инвестиции, за инфраструктура, за да се поттикне инвестициониот циклус во Македонија, се собраа 150 милиони евра и дали знаете каде се вложија тие пари? Во рубрика „Верувале или не“, во девизни резерви и затоа плативме 72 милиони евра камата после десет години, затоа треба да се суди некој, а не да се наградува и да се бара власт.

Јакимовски уште еднаш го потврдува она што јавноста мошне добро го знае, дека СДСМ секогаш кога е на власт ги интересира доброто на партиската врхушка, додека за интересот на државата ич око не им трепнува.

Од таквата политика на СДСМ државата во 2015 година мораше да плати 72 милиони евра камата за еврообврзница која не донесе никаков бенефит за државата, туку само штета.

Претходно «
Следно »