ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Сите што си ја сакаат татковината утре во 17 часот пред Влада

  • March 5, 2017

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува утре со мирниот протест. Тие ги повикуваат сите граѓани кои си ја сакаат државата утре во 17 часот да излезат пред Влада на Р.Македонија за да го искажат својот револт против албанската платформа, воведување на двојазичност, промена на химната, знамето и грбот на Р. Македонија.

rrrrr-640x227

-Верувавме во македонскиот народ, веруваме дека кога се работи за основните човекови права и интереси ќе се приклучат во огромен број. Верувам дека во понеделник, утре во 17 часот продолжуваме во уште поголем број и тоа ќе го правиме се додека нашите барања не бидат исполнети, истакна денеска Игор Дурловски еден од организаторите на иницијативата.

Богдан Илиевски пак, ги повика граѓаните на масовна поддршка.

-Верувам дека со несмален интензитет се повеќе ќе растеме, бидејќи секојдневно се приклучуваат се повеќе и повеќе луѓе на оваа иницијатива, рече Илиевски.

Претходно «
Следно »