ЗА КУРТО ДУДУШ ЗАГРИЖЕНИТЕ ГРАЃАНИ СЕ ПИ*КИ И ПЕД*РИ: Градоначалникот на Шутка со навреди за оние кои стравуваат за децата по вчерашниот инцидент

  • January 29, 2019

Градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш не презеде никакви мерки како директно одговорен за зајакнување на безбедноста во општината откако вчера се случи инцидент поврзан со наводното киднапирање на деца во населеното место Шутка.

Ненавременото барање за зголемување на присуството на полиција поради стравот кај жителите веќе 10-на дена наназад од страна на градоначалникот кулминираше вчера со претепување на три лица.

Наместо да си ја врши професионално својата работа за што е платен од страна на граѓаните, градоначалникот Куро Дудуш користи недолични коментари од типот:

„Овие од НВО организациите многу го*на јадат, потоа како истите се силни пред своите тастатури, а се пич*и во нормалниот живот и истите НВО граѓани се најмалку меродавни да коментираат било што во врска со вчерашниот настан, затоа што се истите пе*ери.

Дали ова е став и мислење и на неговата матична партија СДСМ, за невладиниот сектор, засега останува нејасно.

Инаку претходно скандалите поврзани со владејачката гарнитура предводена од СДСМ никако да стивнат.

Градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш неодамна на својот Фејсбук профил објави две фотографии од својата канцеларија во која се присутни неколкумина жени, а под фотографиите тој напиша „Старт на женски активности“ на Општинската Организација на СДСМ Шуто Оризари.

Оваа негова објава е скандалозна сама по себе бидејќи партиски активности се вршат во државна канцеларија во општината Шуто Оризари.

Уште поголем скандал е тоа што за време на овие партиски активности имало и деца.

СТАРТ Женски актив…О.О СДСМ ШУТО ОРИЗАРИ

Gepostet von Dudush Kurto Kucoo am Mittwoch, 23. Januar 2019

Претходно «
Следно »