ЗА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ПОТРЕБНИ СЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ:Ако не се продолжи мандатот на градоначалниците ќе настане колапс во општините!

Поврзано

(Видео)ЗАТВОР ЛИ Е, ПАНАЃУР ЛИ Е: Терористите од Диво Насеље од затвор во живо гостуваа во емисија на Косовска телевизија

Каква држава е онаа, во која луѓе осудени за 100 ќебапчиња немаат право на посети, телефони и нормални услови...

(Видео) ЗИМА ВО МАЈ: Вистинска зимска идила денес на Пелистер

Зимата на Пелистер не се предава дури и на крајот од месец мај. Пониските температури насекаде во земјава денеска донесоа...

ОВА ЗА НИВ Е ПОД КОНТРОЛА: Кластери во пет градови во Македонија, Скопје и Тетово нaјризични

Претседателот на Комисијата за зaразени болeсти д-р Жарко Краџовски не очекува зголемување на бројот на зaразени, иако, рече, може...
 mkd-220307

– Во секој случај мора да се направи измена на Изборниот законик и таа измена може да биде во две насоки. Едната е да се скрати времето до распишување на избори заради тоа што во сегашниот изборен законик стои дека тој рок е од 70 до 90 дена, а може да се направи измена од 45 дена па нагоре, значи да се намали рокот за распишување на избори до одржување на избори. Втората насока е да се пролонгираат изборите. Сепак, ние би апелирале тие избори да се одржат во редовниот рок, изјави Трајановски.

Членките на ЗЕЛС упатија апел за обезбедување на услови за побрзо распишување на локалните избори, бидејќи во спротивно ќе настане состојба кога општините и институциите кои се под општинска надлежност: училишта, градинки, културни установи, јавни претпријатија, противопожарни единици не ќе можат да ги извршуваат своите надлежности.

Аналитичарите велат дека решението за моменталната ситуација е во политичките партии, како тие ќе се договорат, бидејќи локалните избори на сите им се важни.

И поранешниот член на ДИК, Александар Новаковски смета дека една од опциите е Собранието да се состане и да донесе измени на Изборниот законик за поместување на изборите. Притоа треба, вели тој, со посебен акт да им се продолжи мандатот на сегашните градоначалници и на советници.

– Ќе мора да се најде начин тие да се одложат. Но, според она што го слушаме во јавноста дека нема расположение за одлагање, тогаш постои модус Собранието да се свика, за оваа намена, да се формираат овие работни тела и да се распишат изборите по датумот кој ќе го определат партиите, изјави Новаковски.

Универзитетскиот професор Борче Давитковски, пак, вели дека измената на Изборниот законик со која е предвидено локалните избори да се одржат во првата половина во мај е противуставна, бидејќи тие требаше да се спроведат сега, во март. Тој посочува дека во Законот за локална самоуправа се определува и мандатот на градоначалникот и на советниците кој е четири години.

– Тоа е императивен мандат, како што сите имаат мандат, така што мислам дека многу е невообичаено, односно противуставно, противзаконско, да се пролонгира мандатот, вели Давитковски. Според него, Собранието досега требаше целосно да се конституира, со претседател, помошни работни тела, со сите комисии.

Од ВМРО ДПМНЕ излез гледаат во распишување на локални избори на ист датум со парламентарните.

-Зоран Заев нека прифати парламентарни избори заедно со локални за да не ги измами граѓаните доколку смета дека треба да се прифатат елементите од тиранската платформа и нека ги вклучи во својата програма, велат ВМРО ДПМНЕ повторувајќи го својот став за излез од кризата.

Локалната самоуправа е сервис на граѓаните, затоа, доколку не се одржат локални избори, новонастанатата ситуација може да доведе до блокада на нејзиното функционирање. После овој рок, им престануваат надлежностите на градоначалниците, а Советите нема да може да носат одлуки.

Граѓаните нема да може да добиваат услуги во вид на решенија, дозволи и други потребни документи. Градинките и училиштата ќе функционираат, но нема да може да се реализираат нови вработувања. Нема да може да се распишуваат тендери. Фирмите не ќе може во целост да ги извршуваат нивните работи, од причини што потребните документи, барања, дозволи, елаборати, нема кој да ги потпише. Со проблеми во функционирањето ќе се соочат и инспекциските служби, а проблеми ќе се јават и со финансирањето на општините, што пак, ќе предизвика застој во останатите активности насочени кон извршување на услуги за потребите на граѓаните. Ќе биде оневозможена и реализацијата на капитални проекти како и се она што е во надлежност на општините во културата, спортот, образованието како и социјалната заштита.

Според законот, за в.д. градоначалник може да се назначи лице, државен службеник, на кое ќе му се пренесат надлежностите, но, според аналитичарите и тоа не е решение, затоа што тој нема да може во целост да ги извршува задачите што ги имаат градоначалниците и на Советите. Во Законот за локална самоуправа не е прецизно јасно кои овластувања би ги имало овластеното лица.

Актуелно

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате...

СКАРАНИ СО ЛОГИКА, ОЧИГЛЕДНО ГИ СОВЕТУВА ЗАЕВ: Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус во државата, Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на...

СКОПЈЕ ЕПИЦЕНТАР НА ЗАРАЗАТА: 16 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

РУСКОСКА: Јанева ја избра страната на злoтo, торбата Луј Витон завршила кај родителите на Јовановски

Катица Јанева уште е во филмот на Чарлиевите Ангели, со овије зборови обвинителката Вилма Рускоска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет“. Според неа, Јанева...

OД КАДЕ МУ ИНФОРМАЦИИ НА КУРТИ: Избори во Македонија ќе има во јули

– Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата земја, наведувајќи неколку држави во...

Повеќе вести