October 30, 2020, 10:40 am

За магapињата во политикaтa и млaдитe кои бегaaт од магapињата – 3aeв без една причина да биде премиер

Поврзано

Милетиќ: Како е, а како треба?

Со години ги слушам нашите политичари во Македонија како велат и се колнат на верност „НАТО, ЕУ“, а „под...

Костов: За М-А-К-Е-Д-О-Н-И-З-М-О-Т

Колумната е за ловците во матно и сеачите на магла – домашни и инострани. За оние кои со примордијални...

Аспекти на Гоце Делчев

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЈУНАК ИЛИ РЕВОЛУЦИОНЕР И ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА БУГАРИЈА, како...
- Advertisement -

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност – Ако првпат го слушате името на оваа институција најверојатно мислите дека преку истата се финансираат образовни проекти, обуки и се помага размената на студенти  –  Да тоа треба да е така, НО оваа институција командувана од директорката на Заев, Лидија Димова, наместо со влог во младите, вложува во магариња и нивна дресура.

Очигледно сите начини за испумпување на пари од буџетот се исцрпени, па сега ќе слушаме за проекти како, тренирање на папагал за имитација или вежбање на коњ за јавање. Ништо не е за изненадување со владата која дава 83.000 евра за тренирање магаре, а во меѓувреме секој ден по некој наш, ваш близок си заминува од Македонија.

Сигурно имате некој познат со просек 10 кој седи дома невработен или знаете некој талентиран средношколец кој не може да замине на некој престижен универзитет затоа што неговите немаат пари, младите од двата примери седат дома затоа што парите кои треба да завршат за нивна едукација или вработување владата ги троши за од сите нас да прави магариња.

Никако поинаку не може да се сфати грантот од 83.000 евра за дресура на магаре, со кој владата преку својата агенција со која директорува сега популарната Лидија Димова дава европски пари за измислени проекти на сопартиец, брат на пратеник на СДСМ. Срамот за Македонија е дотолку поголем, затоа што некој во Брисел дал пари, одвоил од својот буџет за развој на државава, за младите тука, а власта на Заев од петни жили се труди како да смисли нов метод да ги злоупотреби тие пари, и наместо за младите да завршат за магарињата на братот на Диме Велковски, пратеник од СДСМ.

А урлаа дека ќе враќаат 600.000 млади кои се иселиле од Македонија, оставаа патики пред влада, драматизираа, излажаа народ, кој можеби за миг поверува во лагите на Зоран Заев, кој дојде на власт и освои толку гласови затоа што јаваше на бранот на младинското незадоволство. И не само што не вратија ниту еден од тие 600.000 млади, туку и нови иселија со нивната магарешка политика. Секој ден некој млад човек си заминува од Македонија. Секој ден сме се помалку. Власта буквално ги убива младите, им го убива духот и надежта дека нешто ќе се смени, ќе тргне на подобро.
Повеќе нема ниту една причина Заев да биде премиер, заради милионскиот рекет, дресурата на магариња, 40.000 отпуштени од работа, скоро 2 милијарди евра долг, лекарите кои ја напуштаат државата, луѓето кои умираат заради неспособноста на системот, граѓаните кои не се безбедни ниту во својот дом, запалените автомобили, вработените кои трпат мобинг, сите кои се избркани од работа, уставобранителите кои лежат во затвор, а криминалците се на слобода.
Ова е трул систем во кој има пари за тренирање магариња, а нема за лап топ компјутери за настава за децата чии родители не можат да им купат, нема за операции па се собираат пари преку СМС донации, нема за реновирање на некое селско училиште па децата учат во прокиснати училници.

И ќе продолжиме да собираме пари за операции преку пораки, и децата ќе учат во прокиснати училници, и многу деца ќе немаат лап топ за да ја следат наставата, и многу млади ќе седат дома без работа, а уште толку ќе ја напуштаат Македонија, се додека на сите не ни стане јасно дека оваа магаре политика со магариња во политиката, која од нас сака да направи магариња треба да си замине. Тоа не може да се случи преку ноќ или затоа што нас не ни се свиѓа, затоа е потребен активизам, кревање на гласот против сите овие неправди, против сите кои од државата и од сите нас направија магариња.

Пишува: Светислав Васев
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Latest News

Германија pyши цpни peкopди: Hajвиcoкo днeвнo згoлeмyвaњe нa нoвoзa6oлeни од пoчeтoкот на пaндeмиjaтa

Германија во последните 24 часа евидентирала 18.681 случај на инфекција со коронавирус, објави Институтот „Роберт Кох“, и тоа е...

Пpивeдeн 25-годишен скопјанец бapaн co пoтepницa

На 29.10.2020 во 18:20 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка-Отсек за потрага во населба Триангла го привеле Г.К. (25) од Скопје по...

Пpиjaвa зa дoзвoлa зa германската вakцинa вeќe вo ноември

Извршниот директор на германската компанија „БиоНтех“, Угур Шахин, очекува дека резултатите од доцната фаза на клинички испитувања на потенцијална вакцина против коронавирус ќе бидат...

МВР кocи: Изpeчeни 928 kaзни зa нeнoceњe зaштитни мacки вo тeкoт нa изминaтoтo дeнoнoќиe

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот, регистрирани се 928 прекршоци, информираат од МВР. Министерството...

Peгиcтpиpaни 528 cooбpaќajни kaзни во Скопје во тeкoт нa вчepaшниoт дeн

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 528 сообраќајни санкции, информираат од МВР. Меѓу нив се 56 за возење...

More Articles Like This