August 15, 2020, 5:20 am

За отварање на градинките ќе биде соопштено следните неколку дена

Поврзано

Македонија означена како високо pизичнa: Американскиот Центар за јавно здравје пpeдупредува да се избегнува патување во Македонија

Американскиот центар за јавно здравје ги предупредува американските државјани да избeгнуваат патување во Македонија. Нашата држава е сместена во нajризичната...

Учебната година нема да започне на први септември…

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска изјави дека очекуваат пролонгирање на почетокот на учебната година со цел законско...

Бил Гејтс: Спaсувам животи, а ме oбвинyваат дека заработувам од животите на другите

Бил Гејтс, ко-основач на Мајкрософт, милијардер и филантроп, стана позитивна и негативна централна фигура во приказната со „ковид-19“. Добрата вест...
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче не може точно да каже кога би можеле да почнат со работа градинките, но информира дека на неделна основа се анализираат податоците, бројките, а во Владата ќе се разговара и за тоа, како и за ослободување на мерките на рестрикција што важат за добар дел од економските оператори, што се затворени и за кои има протоколи соодветни и тие можат да почнат да работат.

– Тоа е нешто што ќе биде соопштено следните неколку денови согласно состаноците со голем број здруженија и асоцијации што ги имавме и во текот на минатата недела, изјави министерот Филипче, прашан од новинарите дали има некаква проекција, кој е најкусиот период кога би можеле да се отворат градинките дали за една недела, десет дена.

Мајките односно родителите на деца до 10 години се ослободени од работа, нагласи тој и изрази уверување дека може да се реши административниот проблем, како што рече, во однос на градинките за родители кои реагираат – мајки на кои породилното им завршило пред да се воведе вонредната состојба, не ги запишале децата во градинка и не можат да земат потврда и мораат да одат на работа.

– За ова неколку пати разговараме уште на почетокот на кризата затоа што уште тогаш имаше родители кои имаа ваков пример, така што административните служби во градинките и во останатите институции кои не функционираат, работат. Тоа беше случај и за уписот за следната година. Така што не би требало да претставува проблем и за ова можам да го консултирам МИОА дали се работи за нешто што е проблем на терен или е некакво недорабирање, истакна министерот Филипче.

Министерот за здравство претходно уште еднаш повтори дека засега градинките нема да бидат отворени за примање дечиња.

– Градинките се уште не може да ги отвориме, бидејќи сакаме да ги заштитиме децата. Училишната година заврши, апелирам до родителите, да им укажат дека треба да носат маски и да не се групираат, иако младите поретко заболуваат и се најчесто асомптиматски но ја шират заразата, рече Филипче. (МИА)

Latest News

Северина 3apa3ена со kopoнавиpус: „Денеска добив позитивен pe3ултат“

Северина преку социјалните мрежи објави дека е позитивна на коровирусот. Во објавата, таа напиша дека нема никакви симптоми и...

Ќе има свадба-Ване Цветанов ја запроси Дунавка Трифуновска во Турција

Во сивилото предизвикано од здравствената криза единствена светла точка беше љубовта која минатиот месец од одмор во Турција ја обелоденија манекенката Дунавка Трифуновска и...

Ако Британец се пpeceли во Македонија, секоја година ќе му остануваат 24 илјади евра

Според статијата на uk.finance.yahoo.com, нашата држава е најдобра опција за селење, кога се во прашање цените и трошоците за живот. Според истражувањетол, Северна Македонија е...

Меси го допpe дното: 19 3aгубени топки, трет дeбakл по ред и можна pa3делба

Лионел Меси како да се помири со немоќта на Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите и целосно се вклопи во сивилото на петкратниот...

За 2 месеца ослабела 21 кг во 61-та година од животот: Ова е „тајната состојка“ на диетата на пејачката

Популарната пејачка на народна музика Снежана Ѓуришиќ (61), која последниве години е дел од жири-комисијата на музичкиот натпревар „Гранд-ѕвезди“, успеа да ослаби дури 21...

More Articles Like This