ЗА ПАРИТЕ БИЛО, НЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Солза Грчева, Јанко Бачев, Филип Петровски и Љупчо Палевски бараат пари од владата за референдумската кампања!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кризниот штаб за бојкот предводен од Јанко Бачев, Филип Петровски, Љупчо Палевски, Солза Грчева според инфомациите во јавноста, ќе бара пари од Владата за водење на јавна пропаганда односно имплементирање на нивната кампања за бојкот на референдумското изјаснување.

Претходно, партијата „Единствена Македонија“ предводена од Јанко Бачев, реагираше што Владата ги задолжила сите министерства и другите органи на државната управа да одвојат средства за кампања за референдумот.

„Ги предупредуваме сите министерства и другите државни органи дека одвојувањето пари само за владината кампања за референдумот нема уставна и законска основа, бидејќи е потребно или и владата и противниците да се финансираат од буџетот, или и на двете страни да не им се дозволат буџетски средства за кампањата за референдумот.

НА ТРОЈЦА КОМИТИ, ЕДЕН КОДОШ: Кој сака да го киднапира движењето #Бојкотирам и да го задуши отпорот против промена на името?

Според изјавите на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска , буџетските средства за јавна пропаганда ќе ги користи овластениот предлагач на референдумот, а тоа е Собранието.

А задутре ќе се знае колку пари ќе чини кампањата за претстојниот референдум. На следната владина седница, која според најавите ќе се одржи во среда, официјално ќе се одреди сумата која ќе се оддели за пропагандата.

Со или без дефинирани трошоци, првите луѓе во Владата веќе на големо ја тераат својата кампања. На социјалните мрежи може да се забележат платените објави на премиерот и неговата заменичка ,а на терен работи и партиската структура на СДСМ.

Министерката Царовска вчера не откри колку средства од ресорот труд и социјала ќе се скратат и пренасочат во пропагандискичкиот период пред референдумот.

За разлика од Царовска, министерката за одбрана најави дека од своето министерство, на владата на располагање ќе и стави сума од милион евра пари на граѓаните, идентична со она која нејзината партија ја потроши на последните парламентарни избори на кои и дојде на власт.

Владата на последната седница ги задолжи министерствата и органите на државната управа до Министерството за финансии да достават информација за средствата коишто ги имаат на располагање, а кои би можеле да се пренаменат за кампањата за референдумот.

Останува отворено од што ќе скратат министерствата за да инкасираат во референдумот. Но, и кој ќе ја сноси одговорноста за потрошените средства ако референдумското изјаснување едноставно остане игнорирано, а Собранието ја истурка до крај работата со преспанскиот договор, институционално.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This