ЗА ПОСЕДУВАЊЕ НА KOKAИН: Уaпceни четири лица во Тетово

  • August 13, 2019

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово нoќва околу 1:45 часот во тетовско Жеровјане ги лишиле од слобода 23-годишниот Х.Ј. и 29-годишниот Л.М. од Тетово.

При нивен и преглед на возилото „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски таблици, во кое се наоѓале, а кое било паркирано во близина на бензинска пумпа, пронајден и одземен е kokаин.

МВР денеска соопшти дека двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Околу 4:25 часот, пак, во тетовско Боговиње запрено е патничко возило „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, што го управувал 30-годишниот Е.Х, а во кое се наоѓал и 29-годишниот А.Ш, двајцата од гостиварското село Добридол.

При преглед, извршен од полициските службеници на СВР Тетово, пронајден им е kokаин, поради што двајцата се лишени од слобода и задржани за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Претходно «
Следно »