ЗА ПРОЦЕДУРАТА ДА БИДЕ ЈАСНА: Референдум може да распишат најмалку 80 пратеници, а одлуката на референдум е усвоена ако „За“ гласаат 900.001 граѓани

  • July 29, 2018

За да биде појасно! Во согласност со членот 73 ставовите 1 и 2 од Уставот “Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови (61) од вкупниот број пратеници. Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале (450.000), доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи (900.000).“ Ова се однесува само за прашањата за кои Собранието има надлежност! Но, Собранието нема надлежност да го промени името на државата и идентитетот на нацијата!

За промена на границата на Република Македонија, за членство на Македонија во сојузи на држави (ЕУ и НАТО) вклучително и промена на името, Собранието може да постапи само во согласност со членот 74 и членот 120 од Уставот кој гласи “Предлог за стапување во сојуз или заедница со други држави или истапување од сојуз или заедница со други држави можат да поднесат претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници. Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови (80) од вкупниот број пратеници. Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена, ако на референдум за неа гласало мнозинството (900.000) од вкупниот број избирачи (1.800.000).“

Доколку пратениците сепак, и покрај се’, донесат Одлука за распишување на референдум за промена на името според членот 73 од Уставот, вршат кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и кривично дело самовластие, вршат мек државен удар бидејќи ги суспендираат Уставот и надлежностите!

Веднаш ќе поведеме иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на Одлуката, меѓутоа во сценарио на донесување Одлука за распишување референдум не смеат да влезат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи го дерогираат претседателот на Републиката, кој образложи зошто не го потпишува Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас при првото гласање во Собранието!

Значи, никогаш не заборавајте…

Прво, Одлуката за распишување референдум се донесува со најмалку 80 гласови од вкупниот број пратеници, а влегува во сила кога за неа на референдум гласаат “за” најмалку 900.000 избирачи!

Второ, Без потпис на претседателот на Републиката на указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиа, НЕ МОЖЕ да се распише референдум!

Трето, Секоја објава на закон во “Службен весник”, без потпис од Претседателот на указот за негово прогласување, Е НИШТОВНА и претставува кривично дело!

Четврто, Секое извршно дејство на Спогодбата Димитров-Коѕиа без потпис на претседателот на Републиката на указот за прогласување на Законот за нејзина ратификација е кривично дело!

Петто, Без потпис на претседателот на Републиката на Спогодбата Димитров-Коѕиа и на указот за прогласување на Законот за нејзина ратификација – СПОГОДБАТА НЕ ПОСТОИ, НЕ ВАЖИ, не е дел од внатрешниот правен поредок на земјата!

Шесто, Спогодбата Димитров-Коѕиа е геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото, и кога и да е, членовите на Владата и пратениците ќе лежат доживотен затвор со конфискација на целиот имот на семејството дома и во светот!

 

Пишува
Тодор Петров

Претходно «
Следно »