September 26, 2020, 8:16 am

За само три месеци Владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за милијарда евра

Поврзано

Николоски: Поради неспособноста на Заев милиони тони грозје скапува, ВМРО-ДПМНЕ бара организиран државен откуп на истото

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски синоќа во Сопот оствари средба со лозарите кои имаа проблем со откупот на грозјето. -Ние...

(Видео) Стефановски: Над 100.000 гpaѓaни живeaт co 50 дeнapи нa дeн и нeмаaт за лeб, а Заев тpoши милиoни за koндoми

Над 100.000 граѓани го поминуваат денот со 50 денари на ден, а немаат ниту за леб, а Заев дава...

Пендаровски да не измислува флоскули и да застане на страна на македонскиот народ, неговата историја, идентитет и најголемиот јунак Гоце Делчев

Граѓанската опција за Македонија излезе со соопштение за јавносто и медиумите по повод вчерашната изјава на Претседателот на државата,...
- Advertisement -

За само три месеци Владата го зголемила јавниот долг за една милијарда евра. Јавниот долг кој на крајот од првиот квартал оваа година изнесуваше 5,5 милијарди евра, за само три месеци се зголеми на 6,5 милијарди евра. Тоа значи дека секое просечно семејство е задолжено за НОВИ 2.000 евра јавен долг и тоа само за последниве ТРИ МЕСЕЦИ, изјави на денешната прес-конференција Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е рекорден раст на јавен долг во Македонија за едно тримесечие, речиси 9 процентни поени. Со ова галопирачко темпо на задолжување веќе достигнавме 59,5% од БДП, но согласно Мастришките критериуми за влез во една земја во Европската монетарна унија, дозволуваат јавен долг од 60%.Со ова темпо на задолжување Македонија набрзо ќе го пробие овој критериум. И покрај огромниот пораст на јавниот долг од една милијарда евра, проекциите се дека македонската економија годинава може да ја заврши со пад на бруто домашниот производ приближно на 10%, со што логично се отвора прашањето за која намена беа искористени овие пари?, вели Илиевска

Таа додаде дека овие показатели се резултат на исклучително лошата економска политика на владата, задоцнетите и популистички мерки кои суштински не го помогнаа стопанството.

– Во цела криза и немаштија дополнително се наметнуваат огромни давачки, како што е поскапувањето на струјата за цели 7,5%.Очигледно е дека Македонија тоне. Пред избори се вршеше класичен поткуп на граѓаните со ваучери, а после избори го товарат секое семејство со поскапи сметки за струја за 200 евра на годишно ниво, 2.000 евра нов долг за три месеци, повисоки трошоци за живот и уништен стандард. Денес повеќе од било кога, потребна ни е стабилна и издржлива стратегија за надминување на кризата во економијата, која што секој ден е се поголема и посериозна. Денес повеќе од било кога потребни ни се ефикасни мерки кои директно ќе му помогнат на стопанството да ја одржи ликвидноста и да ги задржи работните места, истакна Илиевска

Илиевска потенцираше дека денес повеќе од било кога потребни се сериозни чекори за подобар стандард и помош на граѓаните, а не мерки за преживување.

– Потребни се правилни, навремени и суштински чекори за поддршка на стопанството и граѓаните, бидејќи досегашните популистички и маркетниг мерки резултираат со тонење на економијата врз грбот на граѓаните, за што сведок се и податоците. Потребни се цврсти и стабилни чекори за поддршка на стопанството и граѓаните, зашто само така државата и економијата ќе може да излезат од овој ќорсокак и да се придвижат напред. Потребна е итна стратегија за обнова на државата, нагласи Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Cилнa cлoвeнeчкa пoддpшкa за пpвaтa Меѓувлaдинa кoнфepeнциja, дpжaвниoт вpв yвepeн дeкa кoмпpoмиcoт e мoжeн

Силна словенечка поддршка за одржување на првата Меѓувладина конференција, која означува старт на пристапните преговори за Македонија со ЕУ...

(Фото) Aлapмoт е вклyчeн: Јa cнeмyвa вoдaтa, ce гpижи ли нeкoj зa eзeрaтa?

Алармантна е состојбата со езерата во Македонија. Водата од ден на ден се повеќе ја снемува, тоа може да се види и со голо...

Трудница го спасила сопругот кого го нападнала ајкула

Неверојатната приказна за херојството на една жена го одзема здивот – бремена жена храбро скокна во вода за да го одбрани сопругот од ајкула. Кога...

Pacтe бpoјoт на зaбoлeни од Koвид-19, мoжни нoви pecтpикции

Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно...

Прегазен полицаец на ,,Првомајска“ во обид да стопира возач кој возел пребрзо

Порталот а1он објави дека изминатата ноќ околу еден часот е тешко повреден полициски службеник кој се обидел да стопира возач кој возел пребрзо. Наместо да...

More Articles Like This