October 27, 2021, 11:37 am

За точење гориво и работа од дома не се потребни koBид пропусници: Словенија ги ублажува mepkите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мерката за задолжителни ковид-пропусници во Словенија денеска е малку олеснета, бидејќи ова барање е укинато за оние што работат од дома, како и за оние кои дополнуваат гориво се додека не влегуваат во внатрешноста на бензинските пумпи.

Тоа е одлука што произлегува од декретот донесен доцна синоќа, што следеше по острите критики за задолжителните ковид-пропусници за оние кои работат од дома, особено за самовработените, пренесува словенечката агенција СТА.

Оваа мерка останува во сила за огромното мнозинство услуги.

Словенечката влада, исто така, одлучи спортските активности во затворен и отворен простор да се изведуваат без маски и дистанцирање, се додека учесниците имаат валидна ковид -пропусница.

Latest News

Проверувајте дали вашето ливче има печат за да не го прогласат за неважечко: ДИК го врати старото Упатство за важечки и неважечки ливчиња

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изгласа поништување на вчера донесената измена на Упатството за важечки и неважечки...

More Articles Like This