ЗА ШТО СЕ СПРЕМА СВЕТОТ ЗА ПAHДЕМИЈА ИЛИ ТРЕТА СВЕТСКА BOJHA?: Рекордни трошоци за вoeни потреби во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Глобалниот воен трошок минатата година достигна највисоко ниво за три децении, при што САД, Кина и Индија издвојуваат најмногу за таа намена, објави денеска шведски институт за истражување.

Во 2019 година потрошени се вкупно 19,1 илјади милијарди долари за воени потреби, што претставува зголемување од 3,6 проценти од претходната година, пресмета Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ).

Воените трошоци вклучуваат плати, трошоци за операции, набавка на оружје и опрема и трошоци за истражување и развој, а Институтот наведува дека постојат релевантни податоци за 150 од 169 земји кои ги анализирале.

Најголема сума пари потрошиле САД за својата армија, во вкупна вредност од 732 милијарди долари, што е еквивалентно на 38 проценти од глобалното трошење.

Второрангираната Кина потрошила, според СИПРИ, 261 милијарда долари, со удел во глобалното трошење од 14 проценти.

СИПРИ посочува дека првпат две азиски земји, Кина и Индија, биле меѓу трите водечки земји во светот по расходи за воена намена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This