September 21, 2020, 5:54 pm

За 30 отсто зголемен бројот на јапонските туристи во Македонија

Поврзано

Одбиeни амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување на компјутери за децата кои немаат

ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано за измените на законите за основно и средно образование, соопшти пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска. Ваква...

Ќе ѝ плаќаме на Грција 35.000 евра годишно за да го чува македонското небо…

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска...
- Advertisement -

Бројот на јапонските туристи во Македонија во изминатите две години е зголемен за 30 проценти, Јапонија лани воспостави нова иницијатива за земјите од Западен Балкан, во декември 2018 се одржа првата бизнис конференција за овие земји во Токио, порача вечерва јапонската амбасадорка Кеико Ханеда, набројувајќи ги достигнувањата во унапредувањето на билатералните односи меѓу земјава и Јапонија, на свеченото одбележување на 25 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи.

Таа ја спомена како мошне значајна во контекст на таа соработка Македонската организација АОТС, која брои македонски претприемачи со 200 членови чија бројка постојано расте и додаде дека секој од нив ја има посетено Јапонија за да се запознае со јапонскиот бизнис систем со надеж дека со јапонските компании еден ден ќе реализираат бизнис партнерство.

Ханеда порача дека Јапонија никогаш нема да ја заборави топлата поддршка што македонскиот народ ја дал за време на земјотресот и катаcтрофалното цу нами од 2011 година, како и по неодамнешните природни непогоди.

– За крај би сакала да ја изразам мојата длабока почит кон сите македонски граѓани за довербата и пријателството низ годините. Нашите две земји делат силни вредности и ние ќе продолжиме да работиме на натамошно зајакнување на нашите односи, порача јапонската амбасадорка Ханеда.

Таа пред присутните ја прочита пораката на шефот на јапонската дипломатија Таро Коно во која што тој порачува дека во изминатите 25 години постепено се градени врските меѓу двете земји, а тој процес особено се интензивирал со отворањето на Амбасадата во Токио на Македонија во 2013 година и со отворањето на Јапонската амбасада во 2017 година.

– Вашата земја е клуч на мирот и стабилноста во Западен Балкан. Решавањето на прашањето за името во голем дел беше важно за овој чекор напред, наведува во својата порака Коно.

Таро Коно во својата порака изразува надеж дека и натаму ќе продолжи соработката на двете земји и оти таа ќе придонесе за натамошниот општествено економски развој на Македонија.

Latest News

Kpизaтa го зема данокот: Околу 5000 компании во Косово зaтворени поради kpизaтa

Околу 5.000 компании беа зaтворени во Косово поради поcледиците од пaндeмијата, а оваа бројка може да биде уште поголема до крајот на годината, пишува...

Жителите на улица „Вocтaничка“ утре без вода

Без вода утре од 8 часот ќе останат корисниците од улицата Вocтаничка во Скопје. Како што соопшти Јавнто претпријатие Водовод и канализација – Скопје, пpekинот...

Одбиeни амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување на компјутери за децата кои немаат

ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано за измените на законите за основно и средно образование, соопшти пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска. Ваква одлука донеле поради тоа што...

Тешко повpeдени две лица во сообраќајна нecреќа кај Радовиш

Вчера на патот Струмица – Радовиш се случила сообраќајка во која двајца се тешко повpeдени. Како што стои во соопштението од МВР: На 20.09.2020 во...

More Articles Like This