ЗБОГУВАЈТЕ СЕ СО ПРОЛЕТТА: Циклонот Викторија носи дожд и снег на Балканот!

  • March 11, 2019

Циклонот ВИКТОРИЈА кој е доста моќен на интензитет полека во текот на денов најпрво ќе го зафаќа регионот, особено изразен ќе биде претстојната ноќ кога во регионот, односно во Црна Гора, Босна и Херцеговина како и долж Јадранот ќе услови оpкaнcка буpа која на некои места ќе достигнува над 100 км/час и истата би можела да создава пpoблеми.

Покрај ова ќе има и врнежи и тоа од дожд на ниските и од снег на повисоките и планинските места каде ќе се формира позначителна снежна покривка, поради големото заладување врнежи од снег ќе има понекаде и на пониските места со што формирање на снежна покривка ќе има токму и на местата со помала надморска височина.

Кај нас пак денес попладне и во вечерните часови најпрвин има услови за послаби врнежи од дожд и снег на планините и тоа претежно на север и на запад додека во текот на ноќта кон утрешниот ден врнежите ќе се интензивидаат и ќе се прошират речиси насекаде а локално има услови и за нестабилност проследена со грмежи.

Во текот на ноќта кон утринските часови од утрешниот ден поради наглото заладување ќе започне да дува засилен до силен северен и североисточен ветер па така на повисоките и планинските места ќе има врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка додека пак утре услови за врнежи од снег понекаде има и на местата со надморска височина од под 1000 метри и тоа особено на запад и север а ќе дува и засилен до силен ветер од северен и од североисточен правец кој понекаде ќе достигнува брзина од над 90 км/час, токму поради ова температурите драстично ќе опаднат и тоа за 10 до 15 степени и утре максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 9 степени додека во најтоплите региони истите ќе се искачат и малку над 10 степени.

Во текот на ноќта вторник кон среда ќе настапи стабилизирање на времето и разведрување па така во среда наутро ќе биде значително постудено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 додека на планинските места истите ќе се спуштат и под -10 степени.

Нови врнежи од дожд и снег на планините ќе има веќе во четврток.

Претходно «
Следно »