December 9, 2021, 12:06 am

Збopeно е co Бpиceл: На 3aeв му ветиле 651 илјади вakцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук напиша дека во телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон Дер Лајен бил известен дека ЕУ ќе обезбеди 651.000 вакцини за Западен Балкан, од кои дел ќе пристигнат и во Македонија.

„Во телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен разговаравме за соработката меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан во овие услови на здравствена криза.

Претседателката ме извести дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од КОВИД-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан, а соодветен дел од нив согласно бројот на жители во текот на април ќе пристигнат и во Македонија.

Заеднички констатиравме дека европската соработка и солидарност мора да бидат на прво место во услови на глобална пандемија и загрозено јавно здравје и ја потврдивме обостраната силна заложба за забрзана интеграција на регионот кон Унијата.“, напиша Заев на Фејсбук.

Latest News

(Видео) Гоpeше камион на „Македонија пат“, нема повpeдени

Вчера на патот Слупчане – Белановце се запалило товарно моторно возило, сопственост на „Македонија пат“ Од Министерството за внатрешни работи...

More Articles Like This