ЗВОНКО КОСТОВСКИ СЕ ВРАЌА ВО ЗАТВОР: Единствениот осуден за „Пуч“ се враќа во затвор, продолжува постапката против Заев!

  • June 10, 2016

Судија за извршување санкции при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постпаувајќи по одлука на Претседателот на Р.М. за повлекување на одлуката за помилување – ослободување од понатамошно гонење за лицето З.К. осуден со правосилна судска пресуда на овој суд, денеска до осудениот достави Упатен акт според кој лицето треба да се врати на доиздржување на три годишната казна затвор.

presuda-sitel_thumb_medium500_700
Со ова засега единствениот осуден во случајот „Пуч“ Звонко Костовски се враќа во затвор, откако ја призна вината и ја откри шемата која ја употребувал Верушевски, нелегално искористувајќи ја инфраструктурата на УБК за прислушување на граѓани.

PUC-ZAEV-VERUSEVSKI

Покрај Звонко Костовски, во „Пуч“ обвинети се и Зоран Заев, Зоран Верушевски, Бранко Палифров, Соња Верушевска (сопруга на Зоран Верушевски), кои со повлекувањето на аболицијата од страна на Претседателот Иванов, повторно ќе одговараат пред судот за насилство кон државни органи, загрозување на уставени поредок и демократски институции, дело кое прв пат се открива во Македонија.
Заев е единствениот кој не е приведен во оваа полициска акција.

 

Претходно «
Следно »