ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДАНОЦИ НА ШТЕТА НА ГРАЃАНИТЕ: СДС наместо да ги намалува даноците и трошоците за живот, ќе ги зголемува наспроти нивните ветувања!

  • July 3, 2017

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно одржува панел дискусија на која модераторот на истата, Христијан Мицковски се осврна на политиките кои СДСМ ги предвидува во програмата на Владата. Тој на панел дискусијата „ПОДОБРИ И РАЗЛИЧНИ: ВМРО-ДПМНЕ намалуваше, СДСМ зголемува даноци“, кажа дека зголемувањето на даноците од страна на СДСМ е голема антиреформа, бидејќи во време кога имаше скалест данок, приходите во буџетот биле помали, за разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ воведе рамен данок.

-Првата антиреформа која планира да ја имплементира СДСМ е антиреформата која што ќе значи зголемување на даноците, односно повторно имплементирање на т.н. скалест данок од 10 и 18 проценти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ го имплементираше т.н. рамен данок и поради тоа, приходната страна се зголеми неколку повеќе од 10тици проценти годишно. Пари кои се значеа инвестиции во образованието, здравството, повисоки плати и други проекти. Скалестиот данок, кои СДСМ и претходно го имаше, не значеше повеќе пари во буџетот, туку стимулирање на буџетската евазија.

Тој кажа дека не гледа кој добива од новата даночна мерка, туку само кој губи, губат сите оние високо квалификувани професии, за кои е логично на начинот на кој што делуваат и услугата која ја пружаат да бидат платени.

Тој спомена и дека Заев во интервју кажал дека ова нема да значи оптоварување на компаниите, бидејќи голем дел од оние кои ги исплаќаат овие вработени ги плаќаат на рака.

-Кога човек вака ќе го слуша премиерот на една држава на државен медиум кога ќе влезе во една сериозна анализа, ќе си го постави прашањето па добро ако е овој човек прв меѓу еднаквите, премиер на една држава, знае за една ваква даночна евазија, односно знае кои се тие компании и сопственици на компании, тогаш е должен тоа да го пријави, да ја спречи таа евазија. Ако не е така, тогаш ќе си го поставиме зошто овој човек има мотив да ги клевети сите оние успешни бизнисмени.

Мицкоски смета дека тука станувало збор за лошо интерпретирање на економските политики кои биле спроведувани и обид за додворување на гласачите, без оглед што бенефит нема да има никој, туку ќе биде на штета на компаниите.

-Индиректно може да изгубат и фондовите, како што е Фондот за пензиско, Фондот за здравствено осигурување итн. Бидејќи имаме работник кој е платен 1500 евра месечно, тогаш сопственикот на компанијата кој го ангажирал овој работник, во целост ги исплаќал сите придонеси, ако оваа сума ја натовариме со 18 проценти, тогаш може да се очекува сите вештаки да ги намалат. Значи придонесите ќе ги наплаќаат под 1000 евра, а не на 1500 евра.

Тој спомена и дека рамниот данок ја рангираше Македонија високо, т.е. во првите десет според Дуинг бизнис.

Претходно «
Следно »