ЗДРАВО ШЌИПТАРИ: Отворено писмо од Вал Зекаj, осуден на доживотен затвор за случајот „Диво Насеље“

Поврзано

Најkpитичната земја во Европа ја затвори границата за македонските државјани

Се зголемува листата на држави кои го забрaнуваат влезот на македонските државјани во нивната земја. Последната во низата е Италија...

Ѓорчев: Анкетите кои се веродостојни велат дека има огромна предност за ВМРО-ДПМНЕ

Ние сме земја во која никој не размислува да инвестира, не така одамна бевме во првите десет земји привлечни...

Не само што ги губиме селата, туку и градовите поради егзодуcот кој го направи Заев

Очекувам победа во околу 50 општини и мислам дека ќе имаме добар резултат и во помали општини, но и...

Валдет Зекај, доживотно осуден од страна на Кривичниот суд на Република Македонија напишал писмото и ја објаснува неговата вистина за овој настан. Телеграф Македонија, го објавува писмото на Зекај испратено до “ДитаОнлајн”.

“Извинете што се заколнав дека повеќе нема да пишувам, но немав друг начин! Не осудија, нешто што го очекував! Оваа казна ја ја чекав од моментот кога ние несакајќи се предадовме (со наметнување). Читам и слушам дека некои лица што зборуваат албански се израдуваа за нашето осудување дури и малку им се чинеше!! Но ако! Ние сме таму каде што сме, затоа што не зборуваа овие! Тие не се виновни, вината е во нас! Подобро мртов одколку жив и пцуен. Не знам што имаат, или што знаат овие аналитичари или новинари за нашиот случај. Поминаа веќе три години како барам помош кој нешто знае и што знае да зборува, не за мене да ме спаси од затвор, но за албанскиот народ да ја знае вистината за оваа трагедија -ПРЕДАВСТВО! Јас ве молев вас, да не зборувате, да не се занимавате со нас, дека ние не сме жртви, но сме први во историјата на АЛБАНИЈА, што во предавството не излегоа губитници иако паднаа 10 борци, а 38 беа затворени!!! Само едено ви велам: на 9 мај 2015 година беше руската воена парада! Иванов исто така беше на таа парада. Претпоставувам дека колку-толку им ги размрдавме нивните мали срца, како на Иванов така и на Путин, сум ви кажал дека има некој, има синови и ќерки АЛДАНСКИ, што го прекинуваат братскиот пат или крстопат Москва-Белград-Скопје-Атина. (Иако бевме излажани и предадени од зборувачите на албански јазик). Ако ние не сме дошле за идеал, нека сме проклети! Значи, ако ние дојдовме за националниот идеал и за правата на нашиот народ, тогаш вас нема да ве проколнуваме, но ќе го молиме Господ вас да ве направи мажи и да ве оттргни од служењето кон карпатословените и турско османлиите! Знаеме, не излажаа, ни поставија стапица! Знаеме, исто така има и наши другари кои ја знаат вистината но не зборуваат бидејќи им се закануваат со семејство. Знаеме дека не сме направиле подобро што сме отишле во Диво Насоље во Куманово (не беше планот да одиме во места населени со цивили, планот го сменија во Слупчане на 3 мај). Во Гошинце (јас, исто така, изјавив и во судот на словените во една “мултиетничка држава” без ниту еден албански судија и обвинител, дури и без дактилиграфи, но единствена албанка беше преведувачката од словенски на албански) го намирисав предавство.”

“Го видов ТРОЈАНСКИОТ КОЊ (во една полициска точка 60 AK47 итн, исто интересни 60 револвери TT) повторно си велам во себе, дали навистина дошло времето за национално обединување. Само еден кроток расказ, од она што знам и што сум видел (работите што мојата ќерка Мелиса ги кажа во едно интервју дека ни помогнала косовската полиција е грешка или погрешно ме има разбрано). Се вративме од Брест откако го ставивме оружјето. Некои од нас бевме против тоа да го оставиме оружјето во Брест, бидејќи на врата им ја оставивме кавгата на тие сироти селани. Но, по наредба на лицето X по телефон, моравме да се вратиме и влеговме во влезот на Летинце (Летинце е село каде Св. Мајка Тереза се засолнила по убиството на нејзиниот татко, Баци Кол, или поточно од страна на турските словени кои зборуваа албански). Бевме во близина на полициска патрола на Косово. За да не се соочиме, и да не ги ставиме во лоша позиција, ние се вративме назад и одевме уште два часа по планински пат, само поради почит. На крајот од патот јас пукав со оружје.

“Другарите ме прашаа зошто пукав со оружје, а јас им реков дека ако сме за национално обединување, зошто одиме скришно? Колку долго ќе бегаме? Кога влеговме во Беланоч на 1/2 мај, ниту еден од нас не видовме полицаец, ниту пак ни помогнаа за да влеземе во Беланоч. Чекав во Белланоч да наидиме на с полицијата и армијата на “држава мк”, но како ништо да не се случило пред една недела во Гошинце! Многу чудно, хеликоптерот патролираше во оние места каде што одевме!!!! и многу чудно, Никој од Беланоч не беше уапсен , како на пример кутрите селани од Бреза и жителите од Диво Насеље. Тоа е она што докажува дека јас немав контакт, ниту пак ни помогна нашата полиција, која ја поздравувам. Да даде господ да се формира Војската на Косово! И 9 мај беше изненадување за нас, бидејќи на нашите другари, лицето X гарантираше дека нема да сеслучи ништо до 19 мај. Дури и таму бев против, како и некои други од нас, да не остануваме, но нашите другари имаа силни гаранции од лице X! Во врска со телефинските повици, Самиу не разговараше со Али Ахмети, но Шефкет Холачи разговараше со ОБСЕ и со Артан Грубин. Бев исто така бев против предавањето. Бев против, бидејќи имав аманет од првите да не му верувам на славокарпатите, ниту туркофилите, но со или без желба, мораше да се предадеме. Само уште една кратка приказна: започна бомбардирањето на словените, почна палењето на куќите. Во тој момент се најдов во куќа што гори, но сопствениците на куќата беа словени. Ние му помогнавме да го изгаси огнот. Разговарав со сопственикот, му објаснив зошто сме таму.”

”Им кажавме да не се плашат и им кажав дека како што ти имаш слобода , сакам и мојот народ да има исто. На крајот сакам да ви кажам за потеклото на баба ми од Кочани, на која му беше застрелано целото семејство од 1912 до 1917. Таа судбина ги снајде 800 илјади албанци од Кочани до Куманово. Можеби масовните гробници се наоѓаат во Диво Насеље, можеби нивните духови ме привлекле да бидам таму. Ве уверувам дека не го зедов лицето ниту со пушка ниту со хуманизам !!! Зошто ви аналитичари и новинари не се занимаваат со овој геноцид, или вашите татковци намерно криеле овој геноцид. Ве молам, оставетене на мира со нашите маки. Занимавајтесе со отворање на некоја фабрика каде што ќе се вработуваат луѓе, а не со несреќи и предавства. Во врска со одлука на премиерот на Харадинај за фонд за Кумановската група, ги имам овие зборови: Бог да те благослови! Не е за мене, бидејќи моето семејство е во добра финансиска состојба, но за оние деца на на паднатите борци, засирачињата, за поголемиот дел од Групата кои немаат услови. За Ландрит, синот на паднатиот борец на УЧК во Косово, кој беше единствено машко во куќата, но дојде за идеал, оставајќија мајкаму и двете сестри! Ве молиме здружете се за доброто на овој народ, за иднината на АЛБАНИЈА. ГОСПОД ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АЛБАНИЈА. ГОСПОД ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА.СЛАВА НА ЗАГИНАТИТЕ! ” напишал Зекај.

 

Извор:
Letër e hapur nga Val Zekaj i Grupit të Kumanovës: Tungjatjeta shqiptari!

Актуелно

Фокусот на идната влада ќе биде во економијата

„Фокусот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучиво во економијата", нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во...

Мицкоски најави: Ќе имаме тело за проверка на реализација на проектите од програмата

Денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски гостуваше во дебатна емисија на телевизија 24 каде што посочи дека по доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт...

Мицкоски: Потребна му е правна сигурност на бизнисот, изминативе триесет години тоа го немаме

„Апсолутно во програмата зборуваме и за нови вработувања. Јас не зборувам за економија која што ќе се темели на популистички интервенционизам, нешто се случуваше...

Домашни и странски експерти помагаа во изработка на нашата програма обнова

„Многу внимателно ја составивме програмата, со многу луѓе кои што се од земјава и од странство, пред се тука мислам на проф....

Мисајловски: Наместо економски бум и Клинички центар, останаа само лагите на СДСМ и Зоран Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на изборната еденица 2 Владо Мисајловски, вечерва гостуваше во емисијата на МТВ каде што даде интервју и...

Повеќе вести