ЗЕКИРИ ПОТВРДИ ДЕКА СЕ СРЕТНАЛ СО ТЕРОРИСТИТЕ: Убијци, терористи и криминалци од Косово вклучени во црно сценарио на СДСМ!

  • September 18, 2016

Мухамед Зекири, новинарот платен од СДСМ , во функција на партиски член на највисокото раководство преку социјалните мрежи ги потврди информациите кои ги објави Република, а се однесуваат на негова средба со лица од косовското криминално терористичко миље.

muki_navivac

Сепак, Зекири иако ги прочитал наводите во текстот „Зекири подготвува косовски криминалци за изборни инциденти?“, не одговара на јавно поставените прашања, дали средбата со овие лица познати и по делување во Македонија во предизвикување изборни нерегуларности како и поврзаност со терористички групи, меѓу кои и онаа во Бродец позната како акција „Планинска бура“, била во насока на организирање на група која ќе го наруши изборниот процес, или, уште полошо, да предизвика безбедносна криза во која одржувањето на изборите би се довело во прашање, како дел од обидите на СДСМ да избега од нив заради катастрофалниот рејтинг, особено откако токму Зекири, познат по неговите радикални ставови и врски, е вработен член на партиските органи?
muki1

Исто така „Независниот новинар“ Зекири не дава одговор дали оваа средба со косовските криминалци и осудени убијци била тема на средбата во МВР кај генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски кој во моментов е технички министер?

Тоа што и на Зекири му е јасно дека навистина со изборите доаѓа крајот на криминалците и дека граѓаните ќе дишат слободно, но не во онаа насока во која од СДСМ се обидуваат да ја лажат јавноста.

Кои се криминалците, убијците и терористите со кои се сретнал Мухамед Зекири можете да прочитате ТУКА!

Претходно «
Следно »