ЗЕКОЛИ: За состојбата во Македонија виновен е Брисел кој упорно поддржува корумпирани политичари!

  • October 19, 2018
  • Коментари

Работата во Собранието се вжештува, поради огромните притисоци кои ги прави власт врз опозициските пратеници за гласање за уставните измени и Северна. Притисоците се од сите страни, власта, дипломати и емисари, а ваквата состојба околу Преспанскиот Договор  аналитичарот Арсим Зеколи ја нарекува срамен чин кој ќе наштети на репутацијата на НАТО на Балканот. Според Зеколи за ваквата ситуација Брисел не треба да обвини никој друг освен себе си поради навиката да спонзорира и поддржува коумпирани политичари како што е Заев во Македонија.

 

-Како што гледа, целата сага околу Преспа се претвора во срамен чин кој ќе наштити на репутацијата на НАТО на Балканот. И Брисел не треба да обвинува никој друг освен самиот себе си поради својата навика да спонзорира локални омразени корумпирани политичари кои ги претставува како пример за демократи, пишува Зеколи на Твитер.

Претходно «
Следно »